Поховани шампињони

by ugostitelstvo.mk
поховано

Состојки:

  • 400 г. презла
  • 100 г. брашно
  • 150 мл. млеко
  • 1 лажица лимонов сок
  • Десет поголеми шампињони
  • масло за пржење
  • сок и бибер по желба
  • 6 лажици сецкан магдонос

Подготовка:

  1. Во блендер помешајте ги свежиот магдонос и презлата додека не добиете лесно сомелена смеса, додадете сол и бибер по желба. Магдоносот обавезно добро измијте го пред мешањето со презлата.
  2. Во млеко сипете лимонов сок и оставете да отстои 10 минути.
  3. Печурките исчистете ги и исечете ги на кришки, дебели околу еден сантиметар.
  4. На кујната во три чинии одвоено ставете брашно, млеко со лимон и презла.
  5. Секоја кришка шампињони добро испапкајте ја во брашното, млекото и на крајот трошките со магдонос, па ставате ги во загреана тава околу три минути, додека не добијат крцкава златеникава кора.
  6. Пржените шампињони послужете го со сос на база на мајонес во кој што можете да додадете лажичка сенф, парчиња кисели краставички, црвен пипер и малку лимонов сок.

Слични написи