Недела на турска кујна од 21 до 27 мај

by srna@regent.mk

МанифестацијатаНедела на турската кујна оваа година се одржува од 21 до 27 мај.
Во текот на втората недела од манифестацијата ќе биде презентирана регионалната кујна на Хатај. Хатај е “26ти гастрономски град на светот” рангиран од Мрежата на креативни градови на УНЕСКО.

Манифестацијата, Недела на турската кујна, ја координира Министерството за култура и туризам на Република Турција, а турските дипломатски претставништва ширум светот ќе одржат различни активности и кампањи на социјалните мрежи за промовирање на препознатливите вкусови на кујната Хатај.

Древни, одржливи, здрави и безвременски традиции на турската кујна

Учесниците на манифестацијата „Недела на турската кујна“ ќе подготват јадења од Хатај користејќи локални состојки и традиционални техники за готвење и ќе добијат детален увид во античката и турската кујна. Истовремено, тие ќе добијат можност да се запознаат со богатиот биодиверзитет на турската кујна и нејзината подготвеност и потенцијал да одговори на различните трендови во храната и пијалоците и да добијат практично искуство со методологијата на готвење во турската кујна. Здравите и безвременски рецепти ќе ги обединат учесниците околу турските ритуали на јадење и пиење, кои се структурирани околу чувството на единство и заедништво и културна одржливост. За време на настанот ќе бидат обезбедени турско кафе, турски чај и локум, а присутните ќе можат да пробаат многу аспекти од турската кујна.

Хатај – цивилизација на трпеза

Годинешната манифестација, “Недела на турската кујна”, ќе има уникатно мени посветено на вкусовите на кујната од Хатај, која како дел од мрежата на креативни градови на УНЕСКО во областа на гастрономијата претставува еден од турските градови кои привлекуваат внимание со својата препознатлива кујна. Кујната Хатај комбинира висококвалитетно маслиново масло и житарици, мешунки, зеленчук, овошје, автохтони билки и зачини одгледувани на плодни земјишта во кои доминира медитеранската клима.

Кулинарското наследство на градот, кој угостил многу различни цивилизации низ историјата, привлекува внимание со својот уникатен појадок и стотици јадења. Менито на Хатај, кое ќе се подготвува во рамките на Неделата на турската кујна, вклучува: биберли екмек – леб со паста од црвена пиперка; салата од маслинки; хумус; кисир – фина салата од булгур; тепси ќебап – ќебап во рерна; кунефе – кадаиф десерт со сирење.

 

Превземено од: https://www.turistickisvet.com/vesti/restoraterstvo/nedelja-turske-kuhinje-od-21-do-27-maja.html

Преведено од: Ивана Митровски

Слични написи