Teстенини со зеленчук

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 350 г. тестенини
  • сол
  • тиквичка
  • 2 домати
  • 2 чешиња лук
  • 300 г. свеж крем сир
  • 300 мл. слатка павлака
  • 300 мл. млеко
  • 4 јајца
  • бибер
  • 125 г. рендан кашкавал

Подготовка:

1. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, исцедете ги, имијте ги со ладна вода и добро исчистете ги.

2. Тиквичките и доматот исчистете ги и исечете ги на кругчиња дебели околу 1/2 см. Ситно исецкајте го лукот. Измешајте ги крем сирот со павлаката, млекото и јајцата. Посолете, побиберете и измешајте го и лукот.

3. Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги тестенините со доматот и тиквичките, па сипете ги во сад за печење. Прелејте ги со мешавината од млеко и изрендајте кашкавал. Печете околу 45 минути.

Слични написи