Состојки:
- 4 јаболка
- 4 лажици бобинкасти плодови по избор (замрзнати)
- 4 лажици сок од портокал
- 2 јајца
- сол
- 6 лажици гриз
- 2 лажички прашок за пециво
- неколку капки течен засладувач
- шеќер во прав за посипување
Подготовка:
- Излупете ги јаболките, исечете ги на четвртини, исчистете ги од семки и исечете ги на кришки. Помешајте ги со сокот од портокал и бобинкастите овошки.
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата со виљушка, додадете малку сол, гриз и прашок за пециво. Додадете од течниот засладувач по ваш вкус.
- Измешајте го овошјето во подготвената смеса и сето тоа заедно ставете го во подмачкана тепсија. Печете околу 45 минути. Извадете ги од рерната и додадете шеќер во прав.