1,6K
Правилниот бонтон е од суштинско значење за да оставите добар прв впечаток во деловни или социјални средби кои се одвиваат во ресторан. Иако здравиот разум често е вашиот најдобар водич, следните предлози ќе ви помогнат да се истакнете уште повеќе.
Еве неколку совети што треба секој од вас да ги почитува кога оди во ресторан:
- Чинијата со супа или чорба секогаш треба да ја држите навалена од вас кон масата;
- Немојте никогаш да сечете големи парчиња месо;
- Пилешко се јаде секогаш со нож и вилушка;
- Лебот се јаде со кинење помали парчиња од кришката;
- Раженчињата од стапчето се вадат со вилушка, а не со рака или со нож;
- Овошјето што има лушпа, на пр. jаболка или праска, не се јаде заедно со лушпата, туку се лупи со нож;
- Тестенините не се сечат со нож;
- Во ресторан влегува прво господинот;
- На излегување од ресторан прва излегува дамата;
- Секогаш кога сте во друштво на дама, дамата прва почнува со јадењето;
- На маса во ресторан, машкото седи спроти дамата или на нејзината лева страна;
- Послужувачот (келнерот) секогаш го повикува господинот;
- НИКОГАШ не почнувајте со јадењето додека не се послужат и другите;
- Господинот ја поздравува дамата потстанат;
- Доколку вашето јадење доцни дозволете им на другите да отпочнат со јадењето;
- Доколку поканите друштво во ресторан, претходно секогаш резервирајте маса;
- Гостите во ресторан не си точат сами вино;
- Кога сте во друштво на дама, секогаш вие (господинот) платете ја сметката. Доколку сака дамата да партиципира тоа направете го надвор од ресторанот;
- Потрудете се да не бидете последниот кој ќе остане на масата да јаде или пие;
- Доколку не пиете алкохол слободно можете да наздравите и со вода;
- За време на здравица не е пристојно да се јаде;
- Додека ручате, лактите не ги наслонувајте на масата;
- Помеѓу два ганга (изнесување на храна), рацете не ги држете на масата;
- Платнената салфета се чува на скутот, а не околу вратот;
- Чашите за вино се држат за столчето, со помош на три прсти;
- Во ресторан господинот ја бира масата, но во договор со дамата;
- Господинот не треба да седне додека дамата не се смести удобно;
- Господинот порачува пиење и храна, но претходно се консултира со дамата;
- Доколку послужувачот (келнерот) не и стави за пиење на дамата, тоа треба да го стори господинот;
- Во ресторан дамата не треба да си ја поправа шминката или косата. Сепак, доколку има потреба тоа да го направи треба да оди во тоалет;
- Кога дамата ќе стане да оди во тоалет, господинот треба да стане и да и ја повлече столицата, исто така и кога ќе се врати повторно треба да стане и да и ја повлече столицата да може удобно да седне;
- Доколку за време на јадењето ви се случи да ви падне прибор или храна на маса или на под, послужувачот (келнерот) е должен тоа да го расчисти и да донесе нов прибор. Вие немојте тоа да го правите. Исто така немојте да се извинувате или да се правдате. За ова на крајот наградете го послужувачот (келнерот);
- На крајот од престојот во ресторанот, послужувачот (келнерот) наградете го доколку коректно си завршил работата;
- Бакшишот обично изнесува 10% од сметката, доколку е заслужен.