Aмериканска пита со пилешко и печурки

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 гр. шампињони
  • 1 мал кромид
  • 1 чешне лук
  • 50 гр. путер
  • 2 лажици брашно
  • 300 мл. млеко
  • 200 мл. пилешка супа
  • рендано морско оревче
  • свежо мелен бел бибер
  • прстофат сол
  • грст свеж магдонос
  • 500г. готово тесто

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени.

2. Во тава сипете го маслиновото масло и пржете го пилешкото, додека не стане бело.

3. Во тава додадете шампињони (исечени на четврини) и пржете додека пилешкото не зарумени.

4. Пилешкото и печурките извадете ги од тавата и додадете сецкан кромид и лук, а притоа пржете ги 2-3 минути. Потоа измешајте го лукот со пилешкото и печурките.

5. Истопете путер во масло, додадете брашно, мешајте и држете на оган 2-3 минути додека не се добие воедначена смеса.

6. Во чинија измешајте пилешка супа и млеко, додадете оревче, сол и бибер. Потоа измешајте со смесата од брашно и мешајте додека не се изедначи. Варете ја смесата на пареа додека не се згусне, со постојано мешање.

7. Прелејте го сосот преку печурките и пилешкото и сипете исецкани, свежи печурки. Оставете да се олади.

8. Готовото тесто ставете го во калап и рабовите премачкајте со јајце. Оставете да се олади.

9. Направете отвори на питата  и ставете ги во рерна. Печете меѓу 20 и 25 минути.

Слични написи