„Банатски вински фестивал“ на 20 мај во Зрењанин

by srna@regent.mk

Банатскиот вински фестивал, четврти по ред, годинава ќе се одржи на 20 мај, во прекрасниот амбиент на Градската градина Зрењанин. Ќе бидат претставени повеќе од 50 винарии, а гостите ќе може да уживаат со чаша вино и во приказните со луѓето кои ги создале.

Заедно со добра храна и богата музичка програма, на љубителите на виното ќе им бидат претставени винарии од Шумадија, Срем, Жупа, Банат, Суботица и други винарии од Србија. Ќе присуствуваат гости од Северна Македонија, Хрватска, Романија и Словенија, меѓу кои и некои познати имиња од регионот.

Во периодот од 15 до 21 часот посетителите ќе можат да пробаат различни видови вина: Шардоне, Каберне, Грашац, Вранец, Темјаника, Малвазија, Прокупац и други извонредни вина од од целиот регион.

Посетителите можат да очекуваат и избор на автентично мезе со регионално потекло. Во рамки на фестивалот ќе бидат прогласени и победниците на конкурсот за најдобри вина на Банат што го организира локалниот Вински клуб од Зрењанин.

На влезот на Фестивалот ќе се изнајмуваат чаши за дегустација.

Организатори на настанот се градот Зрењанин, Туристичката организација на градот Зрењанин и Културниот центар Зрењанин, со поддршка на списанието Вино и Фино.

 

Преведено и обработено: Ивана Митровски

Превземено од: https://www.turistickisvet.com/vesti/razno/-banatski-festival-vina–20-maja-u-zrenjaninu.html

 

Слични написи