Телешки шницли во слатка павлака

by ugostitelstvo.mk
телешко

Состојки:

  • 1 кг. телешки шницли

  • 3 јајца

  • 4 лажици брашно за поховање

  • 700 г. шампињони (исецкани на ливчиња)

  • 2 главици ситно сецкан лук

  • 700 мл. слатка павлака

  • 3 лажици масло

  • сол, бибер

  • Подготовка:

    1. Испоховајте ги шницлите. На масло, испржете лук, додадете шампињони, зачинете со сол и бибер.

    2. Во подмачкана тепсија наредете ред шницли, ред фил, се додека не се потроши сиот материјал. На крајот нанесете слатка павлака и запечете.

    3. Ова јадење најчесто се служи со крокети од компири.

    Слични написи