Палачинки со спанаќ и домат

by ugostitelstvo.mk
Палачинка со спанаќ

Состојки:

  • 400 г. пченкарно брашно
  • 4 јајца
  •  500 мл минерална вода
  • 200 мл јогурт
  • Сол и бибер
  • Морско оревче
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици путер
  • 50 гр спанаќ
  • 500 гр домати
  • 300 гр рендан кашкавал
  • Билки и домати за декорација

Подготовка:

1. Во сад измешајте лесно тесто од брашно, јајца, кисела вода и јогурт. Додадете сол, бибер и морско оревче. Исчистете го лукот и ситно исецкајте го. Во тавче загрејте масло и на него продинстајте го лукот.

2. Во друга тава загрејте го путерот и пржете ги палачинките. Пржените палачинки наредете ги на чинија.

Во меѓувреме, исчистете го спанаќот, измијте го и оставете добро да се исцеди. Ситно исецкајте го, додадете лук и сето тоа кратко продинстајте го. Додадете сол, бибер и морско оревче. Тргнете го од рингла, оставете да се олади и со тоа наполнете ги палачинките.

3. Рерната загрејте ја на 220 степени. Измијте ги доматите и исечете ги на кругчиња.Доматот и ренданиот кашкавал,  наредете ги врз палачинките. Истркалајте ги и наредете ги во подмачкана тепсија. Печете во рерна 15 минути.

4. Печените палачинки извадете ги од тепсијата, посолете ги со зачин и украсете ги со парчиња свеж домат.

Слични написи