Пилешко во зелена салата

by ugostitelstvo.mk
Pilesko vo zelena salata

Состојки:

  • 300 гр. пилешки гради
  • 100 гр. варен грашок
  • 100 гр. тиквички
  • 10 зелени маслинки
  • 1 кромид
  • 1 дл. суво бело вино
  • масло
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Испржете го ситно сецканиот кромид во тавче со малку масло, па додадете тиквички исецкани на стапчиња, варен грашок и зелени маслинки.
  2. Динстајте на силна температура 5-7 минути, прелејте со вино и варете додека течноста сосема не испари. Потоа, додадете пилешко исецкано на стапчиња и динстајте на умерена температура 15-20 минути, додека не омекне. Повремено промешувајте и долејте вода, за зеленчукот и месото да не се исушат. Пред крајот, посолете и побиберете.

Слични написи