Како да се справите со лошите критики на Airbnb

by ugostitelstvo.mk

Критиките или рецензиите (ривјуата) што ги добивате на Airbnb се она што ја прави туристичката заедница толку силна. Тие помагаат да се донесе транспарентност и да ве заштити како гостин и како домаќин.

Airbnb коментарите на гости понекогаш може да бидат многу непријатни и груби. Некои од овие коментари се сериозни и добронамерни, но некои можат да бидат и чисти лаги. Многу од “лошите” критики некои од гостите може да ги насочат и лично кон домаќинот.

Со овој пост сакаме да ви помогнеме како да ги ублажите или да ги избегнете лошите коментари што гостите ви ги оставаат на Airbnb.

Најдобар совет за тоа како да се справите со лошите коментари е тоа да не ги добивате

Но ако не се случи да добиете лоша критика, земете го тоа како можност да станете подобар во хостингот, дури и ако за тоа не сте виновни. Ако гостинот се жали дека е премногу далеку од центарот на градот, тоа значи дека вие не сте ја навеле доволно добро далечината на вашиот објект од центарот на градот. За ова да не се случи вие треба ова да ставите во вашиот опис точни информација за вашата локација и да објасните дека возењето ќе биде 30-минутно од центарот на градот.

Гостите најчесто сакаат да и помогнат на Airbnb заедницата па оставаат коментари, за другите да можат да научат нешто повеќе од претходните искуства.

Кога ќе добиете повратни информации или предлози, слушајте ги отворено, размислете како би можеле да ги подобрите, а потоа да ги спроведете промените ако е потребно.

Понекогаш работите кои предизвикуваат лоши критики се надвор од вашата контрола, како на пример времето што е премногу жешко таа недела или сл. Но, размислете дали можеби треба да се надгради таа 20-годишна клима што ја имате во вашите соби и која едвај работи.

Како и да е, едно е сигурно гостите пред да дојдат во вашиот објект сакаат да знаат за него што е можно повеќе информации и тие да бидат пред се точни. Немојте да ги лажете вашите гости со цел да заработите од нив нешто повеќе, ова ќе ви се врати како бумеранг.

Мал подарок

На пример чоколадото секогаш прави добар впечаток кај гостите. Мала инвестиција од парче чоколадо на креветот на вашиот гостин, како гест на гостопримливост, а не знаете колку може да ви помогне понатаму во оставањето на коментарите од страна на вашите гости.

Бидете секогаш добар домаќин па дури ако треба и консиерж

Помогнете им на вашите гости со дополнителни информации за се она што ги интересира за вашиот град или имаат потреба од од одредени услуги. Многу често тие се спремни дополнителните услуги да ги плататм само треба да им помогнете и секако за тоа да им кажете однапред , дали и колку ќе ги чини.

Гостите сакаат да бидат слушнати

Лошите коментари се само гости кои едноставно сакаат да бидат слушнати. Еве неколку совети за спречување на лошите критики пред да стигнат до Интернет:

  • Обезбедете одлична услуга и бидете расположливи за разумни барања.
    Испратете им на гостите пораки во текот на нивниот престој и прашајте дали има нешто друго што можете да направите за нивниот престој да го направите подобр.
  • Блокирајте го полето за сугестии што гостите можат да го користат за да ви остават порака.
  • Еве еден совет директно од Airbnb:

    Секогаш имајте на располагање книга на впечатоци и поканете ги гостите да остават неколку збора 10 минути пред одјавување. Никој не може да ве одбие доколку учтиво тоа го побарате од него. Гостинот можеби нема да сака да објави коментар на ,,Airbnb’’, вие треба да направите нешто друго со што ќе дојдете до неговото мислење, во случајов тоа е книгата на впечатоци. Кога гостинот ќе реши да остави коментар на ,,Airbnb’’ тој едноставно ќе се сети на она што го напишал во вашата книга на впечатоци и истото ќе го пренесе, најчесто тоа е добар коментар бидејќи е пишуван пред вас. Ова прави многу полесно гостите да објавуваат коментар кога веќе еднаш го напишале! Дури и ако гостите сакаат да остават лош коментар, ќе напишат нешто убаво во книгата за впечатоци. Бидејќи никој не сака да се чувствува како лицемер, ниту еден гостин во оваа ситуација никогаш не остави лош коментар (повеќето од гостиете со лошо искуство едноставно нема да остават коментари, а многу често се препишуваат и туѓи коментари посебно оние добрите.

Имате премногу коментари од вашите гости?

Вие сте во завидна позиција. Многу домаќини неможат да се пофалат со тоа дека имаат многу гости кои оставаат коментари во нивните книги за впечатоци.

Ова се само неколку идеи како да ги избегнете лошите коментари што ги оставаат гостите на платформата на Airbnb.

Ако сакате да дознаете повеќе за овие современи техники на справување со лошите реакции, слободно можете да се обратите до Regent Hospitality, на www.regent.mk или на 02 3119 615 – 070 217 058.

Слични написи

Leave a Comment