Неколку совети за да оставите добар впечаток кај гостите

by ugostitelstvo.mk

За менто:

Секогаш научете го менито, бидејќи гостите очекуваат да го знаете и ќе Ве прашуваат работи од него.
Менито треба да го дадете отворено, од десната страна на гостинот и секогаш во неговите раце.
Давајте совети, Ваши сугестии и земајте конкретни нарачки.
Секогаш служете ја правата порција директно на правиот гостин и никогаш не прашувајте кој што порачал.
Порачките од менито одат по следниов редослед: предјадења, салати, главни јадења и десерти.
Откога ќе им го објасните менито на гостите, прашајте ги дали се спремни да порачаат.
Никогаш не заборавајте да прашате што ќе пијат гостите пред да јадат.
Исто така не заборавајте да препорачате јадење на гости кои не можат да се одлучат.

Униформи:

Униформата треба секогаш да биде беспрекорна.
Така оставате добар впечаток и се идентификувате во клубот.
Беџот мора секогаш да го носите.
Било каков накит не е дозволен.
Чевлите мора секогаш да ти бидат чисти и пристојни.

Изрази кои се употребуваат со гости:

Секогаш е многу важно да се почитуваат гостите.
Кога му приоѓате на гостин, секогаш поздравете го!

Во комуникација со гостите, користи ги следниве фрази:

“Ве молам, дозволете ми да Ви помогнам.”
“Дозволете ми да Ви се претставам.”
“Дали Ви се допадна јадењето?”
“Дали би сакале да Ви препорачам нешто?”
“Како можам да Ви помогнам?”
“Се извинувам, веднаш ќе Ви ја заменам порцијата.”

Протокол на служење:

Келнерот за време на служењето му приоѓа на гостинот од десната страна.

Поздрави.
Прашајте за пиење пред јадењето.
Дајте менија.
Објасни ги менијата
Примете ја порачката.
Послужете предјадење.
Послужете салата.
Послужете главно јадење.
Вратете се на масата за да проверите дали е се во ред. Тогаш било какви грешки можат да се исправат без да се налути гостинот. По оброкот веќе е доцна да се интервенира за било какви поплаки.
Раскренете ги празните чинии.
Вратете ги менијата за десерт.
Послужете десерт.
Раскренете ја масата и посакајте „Имајте пријатен ден/пријатна вечер.“

Запомни: Претстави се само со име – само кога е потребно, се разбира

Протокол за служење на вино:

Застанете до гостинот и покажете им ја етикетата од виното на гостинот кој го нарачал. Побарајте дозвола да го отворите виното.
Отворете го внимателно.
Покажете му ја тапата на гостинот кој го нарачал.
Ставете малку вино во чаша за гостинот кој го нарачал виното да го проба. Завртете го шишето на крај за да не капе.
Ставете им вино на останатите гости, почнувајќи од дамите.
Дополнете ги чашите кога е потребно.
Ако е можно, гостинот кој нарачал треба да ги добие последните капки вино, за да примети дека шишето е празно и прашај дали би сакал да порача уште едно.

Запомнете!

Црвено вино се служи студено само ако гостинот сака така, инаку на собна температура.
Се остава на маса со прстен или салвета.
Розе, бело вино и шампањ се служи изладено, во кибла со мраз и со салвета на вратот од шишето.
Виното и другите пијалоци се служат пред или најдоцна со предјадењето.
На секој гостин на ручек или вечера секогаш му се приоѓа со претпоставка дека тој ќе порача вино или пијалок со оброкот.
Винските карти мора да бидат веќе поставени на секоја маса.
На маса на која седат шест гости, една винска карта е доволна;
на маса со седум или повеќе гости потребни се две вински карти.
Мора да сте запознаени со вината во менито и количината која е на располагање.
Вие исто така давате сугестии при изборот на вино како и храната со која оди истото.

Сугестиите во врска со вино и пијалоци се даваат на сигурен, но и пријателски тон, без да звучат нападно.
Мора да бидете запознаени со состојките и цените на коктелите на денот.
Мора да ја повлечете винската карта од масата како знак дека порачката за вино е направена.
Секогаш бројот на чаши за вино на масата мора да биде потврден со гостите.

Служење вино, пенливо вино:

Вино и пијалок се служи од десната страна на гостинот, каде што тоа е можно, изговарајки го името на пијалокот.

Држејки го цврсто за вратот на шишето, вие мора да ги направите следниве чекори:

ВИНО:
Со нож се отстранува пластичната фолија од шишето.
Се отвора виното.
Се отстранува тапата од отварачот.
Се остава тапата до чашата на гостинот.
Со салвета ја брише внатрешната страна од грлото на шишето.

ШАМПАЊ / ПЕНЛИВО ВИНО:
Со нож ја отстранувате пластичната фолија од шишето до под кафезот.
Ставате салвета преку тапата и кафезот и цврсто го држите вратот на шишето со едната рака, со палецот преку салветата држејки ја тапата да се излета.
Го олабавува кафезот околу тапата.
Го држи шишето под агол од 45 степени.
Држејќи го долниот дел, полека ги врти шишето и тапата во спротивна насока додека се ослободи тапата. Не треба да се слушне како пука тапата.
Ја остава тапата до чашата на гостинот.
Со салвета ја брише внатрешната страна од грлото на шишето.

Мала количина вино / шампањ се става во чашата на гостинот за тој да го осети вкусот.
Додека гостинот го пробува виното, шишето треба да биде завртено со етикетата кон него.
Откога гостинот ќе одобри, се послужуваат најпрво дамите, па господата и на крај гостинот кој го нарачал виното. Келнерот треба да се погрижи сите гости да добијат иста количина на вино.
Чашите за вино никогаш не треба да се полнат повеќе од половина и треба да се одржуваат на тоа ниво.
Чашите за шампањ никогаш не треба да се полнат повеќе од три-четвртини и треба да се одржуваат на тоа ниво.
Околу вратот на шишето на белото вино секогаш се става салвета за водата од киблата да не капе на масата или на гостите.
Белото вино, розе и шампањ се чуваат во кибла со мраз.
За време на оброкот обврска на келнерот е да ги дополнува чашите со вино и да знае дали на гостите им треба пиење.

За ново шише вино важи истата процедура и гостинот го пробува виното во нова чаша.

Со различно вино сите чаши се менуваат со нови.

Сите празни или неуптребени чаши се повлекуваат од масата во првата можна прилика. Празните шишиња не се ставаат превртени во кибла.

Пиење за крај

По главното јадење, кога чиниите се повлечени од масата и менито за десерт е понудено, келнерот мора да предложи пиење за после јадење, како ликер, коњак или кафе за со десертот.

Пиењето, кафето или виното за со десерт се служи заедно до десертот, освен ако гостинот сака поинаку.

Десерт мени

Порачките за десерт и пиење за крај се земаат во исто време.
Пиењето се служи прво, потоа се оставаат порциите со десерт пред секој гостин.

 

 

Правила на однесување на персоналот во клубот

БИДИ ПРИЈАТЕЛСКИ РАСПОЛОЖЕН И УСЛУЖЛИВ, СЕКОГАШ!

Пречекај го гостинот со насмевка и пријатен тон, искрено “Добар ден …”
Масите, столчињата и приборот за јадење мора секогаш да биде чист.
Кога на гостин му го врачуваш менито, препорачај нешто.
Кога го објаснуваш менито на гостин, не читај од неговото и не покажувај со прст.
Секогаш треба да знаеш да одговориш на прашање, научи го менито.
Внимавај кога гостинот зборува, да не повторува.
Пофали го изборот на гостинот. “Добар избор, г-дине”
Секогаш биди природен, не звучи вештачки.
Запомни ја порачката на гостинот.
Послужи ги гостите со гордост и внимание.
Доколку порачката доцни, разговарај со гостинот, информирај го дека порачката се спрема со повеќе внимание.
Откога се е сервирано на масата, врати се по неколку минути и прашај дали е се во ред.
Биди сигурен дека нарачката е во ред пред да сервираш, не заборавај ништо.
Никогаш не биди негативно расположен.
Никогаш не ја префрлај вината на друг.
Никогаш не зборувај за гостинот додека гледаш во него.
Никогаш не џвакај мастика.
Никогаш не прави бучава пред гостите.
Никогаш не служи преку гостин, освен кога нема друг начин, тогаш извини се.
Никогаш не зборувај со гостите за лични проблеми.
Никогаш не користи премногу силен парфем. Хигиената е на прво место.
Никогаш не мирисај на цигари.
Никогаш не ги допирај косата, устата или носот кога работиш со храна.

Забелешки од гостите

Не е лесно да се разговара со разлутени гости. Тие не се секогаш во право, но твоја работа е да направиш да се чувствуваат дека се.

Запомни го следното:

Дозволи му на гостинот да се искаже.
Откога ќе се искаже, или ќе се осети посрамен или ќе му биде полесно затоа што го ослободил од себе гневот, така и тебе ќе ти биде полесно да разговараш со него потоа.
Забелешките никогаш не го сфаќај лично. Гостите не се лути на тебе, обично се фрустрирани од некаков проблем или целиот свет им е крив генерално.
Доколку можеш да му го решиш проблемот на гостинот веднаш, тогаш стануваш негов херој.

Кога имаш ситуација со гостин, следи ги следниве неколку чекори:

Исслушај го гостинот до крај.
Не се брани и не објаснувај.
Покажи дека го разбираш проблемот на гостинот.
Ако не си го разбрал проблемот до крај, прашај.
Разјасни што точно сака гостинот од тебе да направиш.
Внимателно објасни што можеш, а што не можеш да направиш за гостинот.
Веднаш стори нешто и секогаш извести го претпоставениот.
Осигурај се дека гостинот е задоволен.

Слични написи