Следење на ефектите од туристичката дејност – услов за реален приказ на вкупната економска активност

by ugostitelstvo.mk

Официјалните податоци од Државниот завод за статистика, за 9-те месеци од годината покажуваат дека вкупниот број на туристи во Македонија изнесува 604.683 лица, што е за 5,6% поголем број на туристи споредено со истиот период лани. Од нив, 261.327 лицa се домашни туристи, а 343.356 се странци, или околу 56,8%, од вкупниот број евидентирани туристи за периодот јануари септември. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период од 2013 година е за 2,2% поголем, а обемот на странски гости е зголемен за 8,4%. 

Ова беше истакнато на редовната прес конференција во Стопанската комора на македонија на тема „Следење на ефектите од туристичката дејност – услов за реален приказ на вкупната економска активност“

1

 

 

 

 

 

 

Во деветте месеци од годината, во Македонија бројот на ноќевања е поголем за 1,9%, споредено со истиот период лани. Кај домашните туристи има незначителен пад на бројот на ноќевањата за 0,8% споредено со истиот период лани, а кај странците е евидентирано зголемување на бројот на ноќевањата  за 6,3%.

2
Извор: Државен завод за статистика
Во 9-те месеци од 2014 година најбројни туристи кои ја посетиле Македонија биле посетителите од:

2,1
Во 2013 година Македонија ја посетиле 399.680 странски гости од над 50 земји од целиот свет. На листата на први 10 земји по број на туристи се:

2,2

2
Извор: Државен завод за статистика

Бројката од реализирани 700 илјади туристи на годишно ниво во 2013  година, се` уште е далеку од цифрата еден милион туристи колку што Македонија евидентирала во 1990 година.
Официјално достапни податоци врз основа на кои се анализира туризмот во Македонија:
– придонесот на туризмот во вкупната економска активност изразен преку БДП создаден во хотелскиот и ресторанскиот сектор;
– вработени во туризмот и можноста за генерирање нови работни места;
– анализа на платниот биланс, односно на нето приливите од туристички услуги.

1
Извор: Министерство за економија, НБРМ

II.
Во отсуство на подетални податоци од кои може да се увиди бројот на вработените во туристичките агенции, туроператорите и другите туристички посредници, анализата се темели единствено на податоците за бројот на вработени во хотелите и рестораните во Македонија. Според неофицијалните податоци, бројката на реално вработени во туризмот, во хотелите и рестораните е околу 50 000 (околу 15 000 нерегистрирани работници со полно работно време и 15 000 нерегистрирани работници кои се ангажираат на повик).

2
Извор: Државен завод за статистика

III.
Согласно податоците од Народната банка на Република Македонија, девизниот прилив за 2013 година изнесува 102 милиона САД долари.

Постојната класификација за категоризирање и средување податоци, не се однесува за пошироката туристичка индустрија (вработени во туристички агенции, туристички бироа, сојузи, туристички водичи, како што впрочем е и случај насекаде), туку се користени податоци кои се лесно достапни, а се однесуваат првенствено на секторите хотелиерство и ресторани.
Оттука, сосема очекувано, поради погоре опишаните ограничувања, прикажаните податоци несомнено го потценуваат вистинското значење на туризмот за македонската економија.

Придонесот на туризмот во домашната економија, но и пошироко во регионот, е една од темите за кои континуирано се дебатира и анализира и во рамки на ЦЕФТА, бидејќи планиран развој на регионот во целост е бенефит не само регионално, туку и  за секоја земја која е дел од проектот поединчено. За таа цел, минатиот месец во Црна Гора се одржа конференцја на тема: „ЦЕФТА-регионот – единствена туристичка дестинација”. При тоа во неколку панел сесии се дебатираше за:

  • Менаџирање на туристичка дестинација;
  • Единствена туристичка понуда на ЦЕФТА-регионот;
  • Земјоделските производи во туристичката понуда.

На конференцијата беше истакнато и презентирано дека и сега постојат организирани регионални тури со кои туристи од различни делови на светот посетуваат по неколку земји од регионот, но ефектите од нив не се видливи. За таа цел, на конференцијата беа усвоени серија Заклучоци кои како препораки секоја од коморите ќе ги достави до надлежните државни институции во своите земји одговорни за спроведување на политиката на туризмот. Како клучни беа посочени:

  • Силна потреба за поврзување на регионот со воведување авионски дестинации преку ниско буџетни компании. Вакиот предлог е резултат на фактот што во овој момент нема директно поврзување со сите главни градови во земјите од ЦЕФТА-регионот. На пример, од Скопје до Подгорица во Црна Гора со авион се патува преку Белград или Истанбул, а вкупното време за патување е и до 10 часа. Исто е и со Сараево, Босна и Херцеговина. Другиот проблем е што постојните авионски линии се со редовни и се` уште високи цени за секојдневна употреба.
  • Олеснување и поедноставување на процедурите за добивање визи за сите земји од регионот, со цел зголемување на бизнис-соработката во туристичкиот сектор. Лошите статистички податоци за туризмот денеска, споредени со периодот пред 90-тите години се резултат на повеќе слабоси на регионот во изминатите повеќе од две децении. Големо влијание на намалувањето на бројот на туристите имаше појавата на многу граници на мал простор. Компликуваните царински и контролни процедури го попречуваат слободното движење на луѓето и ги одвраќаат туристите од престој на овие простори.
  • Да се работи на воспоставување на кумулативни статистички податоци за регионот, кои ќе послужат како основа за следење, анализа и натамошно унапредување на заедничките туристички производи. Во овој период нема статистичка евиденција колку туристи влегуваат во Македонја и воопшто во земјите од регионот преку врзаните регионални тури. Оттука, оневозможено е и да се прават дополнителни анализи врз основа на постигнатите резултати, како основ за креирање нови услуги, како и таргетирање на туристи од различни дестинации во светот.
  • Неопходно е да се воспостави системот на сателитски сметки во туризмот во сите земји од ЦЕФТА-регионот.
    Во рамките на Системот на национални сметки да се изработи Туристичка сателитска сметка (систем на правилно следење на податоците за точниот број на туристи, девизниот прилив, како и карактерот на посетите, потрошувачките потреби и др.). На тој начин, би се добила прецизна слика за директните и индиректните ефекти од туризмот, односно ќе се овозможи меѓународна споредливост на постигнувањата од туризмот, навремено, целосно и точно следење на приходите од туризмот по сите основи, што би дало и реална слика за вкупните приходи од туризмот како значен дел од Бруто домашниот производ. Поради многубројните тешкотии и ограничувања во поглед на обезбедувањето сеопфатни и проверени статистички податоци, особено на ниво на туристичката индустрија, реалното оценување на влијанието на туризмот врз економијата на Македонија е многу отежнато и речиси неостварливо. Со ваков проблем се соочуваат повеќето земји во регионот.

Даниела Михајловска Василевска

Извор: Стопанска комора на Македонија

 

 

 

Слични написи