Првиот луксузен хотел создаден со 3D принтер

by srna@regent.mk

Следната година (2024) ќе се отвори првиот 3Д печатен хотел во светот – недалеку од градот Марфа, Тексас, во Соединетите Американски Држави.

Хотелот ќе биде лоциран на местото на постоечкиот El Cosmico Nomadic Hotel and Camp, а неговиот изглед ќе биде инспириран од околниот пустински пејзаж и ќе вклучува прекрасни кривини, куполи и сводови постигнати со помош на специјализиран софтвер за 3D печатење и роботика.

Зад сè стои пионерската компанија Icon за 3D печатење, која на проектот соработува со познатата архитектонска фирма Bjarke Ingels Group (BIG). Соработката е комбинирана со класичните градежни принципи со футуристичка технологија со цел на побрз начин да создаде посовремени, одржливи и ефикасни угостителски објекти.

Во рамките на овој проект ќе бидат испечатени неколку 3Д куќи наречени Sunday Homes со две, три и четири спални соби, кои ќе се протегаат на 100 до 200 метри квадратни на овој простор со прекрасен поглед на планината Дејвис.

Компанијата Icon за 3D печатење во својата импресивна листа на достигнувања има импресивни проекти како што е учеството во изградбата на најголемата заедница со 3D печатени куќи во Wolf Ranch во Џорџтаун, Тексас.

Неодамна отпечати павилјон за настапи во Остин, Тексас и потпиша договор со НАСА за изградба на првите домови на Месечината и Марс.


Напишано од: Ивана Митровски

Слични написи