Во сабота на 13 мај во хотелот Метропол Палас во Белград ќе се одржи “Spring Taste Fest”, фестивал на локална храна и пијалоци. На настанот ќе биде претставен широк асортиман на домашни производи од цела Србија, но и од регионот.
Посетителите на “Taste Fest” ќе можат да вкусат незаборавни ароми и да уживаат во дегустација и купување на највкусните сирења, сувомеснати производи и реномирани вина, ликери и домашни сокови. Ќе бидат претставени и домашни колачи, чоколади и традиционални џемови…
Имагинација на разиграни вкусови од полутврдото чадено сирење со ф’стаци, ореви, суви сливи и аронија, а потоа маслиново масло со вкус на лута пиперка и лук, ладно цедена тиква, афион и сончогледово масло, суви домати во маслиново масло. Неизбежни се бесквасниот леб и овошниот леб, како и крафт пивото.
Во богатата програма на фестивалот ќе се одржи панел на тема ‘’За чекор напред – за безбедна и квалитетна храна”, како и бројни работилници и предавања на популарни блогери за храна, кои ќе ги претстават своите кулинарски вештини и ќе го пренесат нивното знаење за подготовка на интегрални печива на наједноставен начин. Ќе научите и како да се искористи сето она што ни го даваат пчелите, преку работилницата “Сите подароци на кошницата – од мед до отров”.
Наградите “Најдобар вкус на Србија” ќе ги додели специјално жири на најдобрите производители на храна и пијалоци во девет различни категории. Свој глас ќе дадат и посетителите кои директно ќе се прогласат за “Grand Prix” на фестивалот.
Посетителите ќе бидат наградени со бројни изненадувања и подароци.
“Taste Fest” во хотел Метропол Палас ќе работи од 11:00 до 20:00 часот, а влезот е бесплатен!
Преземено од: www.turistickisvet.com
Преведено од: Ивана Митровски