Како гостите да останат подолго во Вашиот објект ?

by ugostitelstvo.mk
Среќни гости

Има нешто чудно во гостите кои влетуваат во рестораните или баровите и пијат по еден коктел. Ако сте менаџер или сопственик на таков објект, најверојатно би сакале вашите клиенти да останат и испијат повеќе од еден коктел. Значи што можете да направите? Како да го промените планот на гостинот да остане малку подолго од предвиденото?

Еве неколку предлози кои можете да ги направите за вашиот бар или ресторан да биде погоден за подолг престој:

Интернет конекција

Денес, луѓето не се многу склони да поминуваат долги периоди на време каде нема добра бежична мрежа. Силниот и добар WI-FI сигнал значи побрза употреба и способност на клиентот да се справи со работните задачи. Во спротивно, вие индиректно ќе го испратите во својата канцеларија, или во некој друг локал. Мора да се прилагодите на новите трендови кои вклучуваат комбинација на пиво и лап-топ. Поради тоа, осигурајте се дека имате добар интернет кој може да се справи со целосната големина на вашата локација.

девојкаПромоции

Друг начин клиентите да поминуваат повеќе време во вашиот ресторан е да понудите добра комбинација на попусти поврзани со обемот на продажба на пијалоците. Попустот на пиво кое е купено по четири испиени е одлична промоција. Се разбира, вие ја правите комбинацијата во зависност од можностите и поволностите. Исто така, се зголемува и можноста за појавување на интерес за храна или мезе.

Билјард

Доколку барате идеја за добра дополнителна активност во вашето место, каде гостите освен што ќе пијат, и ќе се забавуваат, тогаш ова е вистинското за вас. Билијард. Одржувањето за оваа друштвена игра е генерално разумно, што значи дека е одлична инвестиција кое нема да ви биде финансиски товар. Се што ќе ви донесе билијардот е привлекување на клиенти кои сакаат да го поминат своето слободно време, уживајќи и дружејќи се.

билјард и пивоТелевизори

Телевизорите се неизбежни во секако вид на угостителски објект, тие се одлични за еден човек да го изгуби чувството за време и да ужива подолго од очекуваното. Во принцип, ќе имате корист од подобрувањето на областите како услуга на клиентите, но да претпоставиме дека веќе сте одлични во тој дел. Телевизорите и спортските натпревари плус промоцијата која ја нудите се идеални за подобрување на заработката.

Слични написи