Постојат голем број на патници во светот. Без разлика дали тие се планинари, бизнисмени или туристи, милиони луѓе патуваат секој ден. Тоа не е изненадување, па затоа, некои од нив се обидуваат да ги зачинат работите со поставување на светски рекорди. Ви претставуваме некои од најчудните и апсолутно откачени работи кои луѓето ги направиле за да пробијат рекорд и да постигнат слава.
1. Пакување
Акробатката Leslie Tipton, го држи рекордот за најбрзо влегување во куфер. За само 5,43 секунди, Tipton се „здиплила“ себеси во затворен куфер. Таа го постигнала својот рекорд во живо на телевизија, на 14ти септември 2009 година, во Њујорк.
2. Носење
Луѓете носат секаков вид на корисна опрема на нивните патувања, шатори, вреќи за спиење, па дури и бастун. Но, Tony Hawks носел нешто многу почудно. Тој повеќе од 1.650 километри (1.025 милји), со себе носел фрижидер, авто-стопирајќи низ Ирска помеќу 6ти и 30ти мај 1997та година. Овој подвиг, иако оспоруван од многумина, му обезбеди уникатно место во Гинисовата книга на рекорди.
3. Искусен планинар
Планинарењето не е само за младите и неуморните. Доказ за живеење (и планинарење) е John Waite, кој на 89 годишна возраст е најстариот планинар во светот. Тој патувал низ целиот свет откако неговата сопруга починала во 1982-та година. Со само една промена на облеката, John се сели од земја во земја, престојувал во хостели и стекнувал нови пријатели.
4. Први чекори
Британката Vaidehi Thirrupathy, имала точно 205 дена, кога на Антарктикот го завршила патувањето, станувајќи најмладиот човек некогаш, кој го посетил сите 7 континети.
5. Кучешки живот
Не се само луѓето оние кои сакаат да патуваат. Првиот познат круг околу светот направен од куче, е чест која му припаѓа на Owney. Во 1888 година тој влегол во пошта, каде брзо бил присвоен од вработените. Почнал да се вози на коњските кочии со пошта, а потоа и да ги користи железниците и бродовите за да патува во странските градови. За секое место посетено, Owney добивал значки, чија бројка е импресивна. Ова куче има дури 1017 значки.
6. Соло пловење
Холандската влада не сакала да и дозволи на (тогаш) 13 годишната Laura Dekker, да се обиде да го сруши светскиот рекорд како најмлада девојка која некогаш пловела по светот – сама. Но, на 12 јануари 2012 година,таа го поставила својот рекорд! Тогаш веќе на 16 години. 4 месеци и 1 ден, таа станала најмладата девојка која пловела сама по светот.
7. Воздушни милји
Островите Papa Westray и Westray се само 14 километри раздалечени, но сепак Logan Air, обезбедува секојдневен сообраќај помеѓу нив два. Со време на летање кое трае само 2 минути, овој лет е најкраткиот комерцијален лет во светот. Најдолгиот комерцијален лет е од аеродромот Newark, во Њујорк – до Сингапур. Со неверојатни 18 часа и 50 мин, ова е најдолгото седење во авион.
8. Зелени тркала
Ако не можете да си дозволите авионска карта, обидете се со возење скирол да стигнете до вашата посакувана дестинација. Rob Thomson возел скирол од Швајцарија до Кина, а за да ги помине овие 12.159 километри (7555 милји), потребни му биле 1 година и 3 месеци.
9. Des ètrangers
Французите се многу познати по својата гостопримливост, а Франција е најпосетуваната земја во светот, со околку 76. 800. 000 посетители секоја година. Тоа се околу 345 милиони, по глава на жител годишно.
10. Соба со поглед
Веројатно најдобро е да бидете сигурни дека не се плашите од височина, пред да отидете во хотелот Ritz-Carlton, во Хонг Конг. Лоциран на највисоката зграда во Хонг Конг. 488 метри високиот меѓународен трговски центар, Ritz-Carlton веројатно го има најдобриот панорамски поглед над Хонг Конг.