Најчестите грешки при готвењето

by ugostitelstvo.mk

slide01-frustrated-woman-cooking  1.Секогаш прочитајте го рецептот два пати
Читањето на рецепт често пати е како гледање на карта кога одите  да патувате. Најчестата грешка е користење на погрешни состојки  и занемарување на клучните детали.

 2. Не купувајте стари намирници
 Намирниците секогаш треба да бидат свежи и со добар квалитет.  Ова важи особено за сезонските производи,  месото и рибата. Само  така вашата храна ќе има одличен вкус и мирис.

 3. Не користете премногу сол
 Солта е една од главните состојки која го носи вкусот во  готвењето. Независно  каков тип на храна подготвувате, трудете се  секогаш да го  задржите  природниот вкус.

 4. Консумирајте ја храната топла, не врела 
Се чини сосема природно храната да се послужи додека е топла, директно од скарата, тавата или од печката. Сепак, таа треба да одстои неколку минути за да можат пилешкото, свинското и говедското месо да ги испуштат своите природни сокови.

Слични написи