Стратегии кои се користат за зголемување на цените во рестораните

by Goran Damcevski

Сигурно мислите дека ниските цени се секогаш добра работа? Сметате доколку им понудите поевтин пијалок на клиентите, дека сите ќе дојдат во вашиот бар? Вистината е дека пониските цени не се секогаш добри за бизнисот. Всушност, има начини преку кои можете на клиентите да им наплатите со повисоки цени, а да не ги оттурнете од себе. Но, како? Следете ги следните совети за зголемување на цените, а потоа вие ќе го направите истото.

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА КВАЛИТЕТОТ:

Да, секогаш ќе има клиенти кои го порачуваат само најефтиното. Но, кога ќе се фокусирате на висок квалитет, ќе можете сосема оправдано да ги поткренете цените без никаква милост. На пример, рестораните во високите категории можат слободни да ги поткренат цените на својата понуда како пијалоците и храната, бидејќи гостите свесно знаат дека ќе добијат висок квалитет, но и висока сметка. Затоа, тоа веднаш е оправдано.

француска кујна ПАКЕТ:

Зголемувањата на цените може да Ве направи малку нервозни и  скептични. Доколку тоа е така, обидете се со додавање на вредности на неколку работи, како пакет, со што заеднички ќе ја зголемите цената. На пример, понудете пиво со мезе и означете сет цена која е малку повисока од вообичаената.

ВМЕТНЕТЕ НЕКОИ АЛТЕРНАТИВИ:

Во случај да се зголеми цената на месото, може да бидете загрижени дека таа би чинела доста скапо и за клиентите. Сепак, ако ставите многу поскапи јадења веднаш до месото во менито, тогаш веднаш добивате пониска цена на месото. Мала споредба би ги убедила клиентите да преземат иницијатива за избор.

РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО:

Секако, пониските цени можат да привлечат многу клиенти, но каков тип на клиенти? Кога ќе се покачат цените и кога се фокусирате на квалиетот, добивате клиенти кои се во состојба да потрошат повеќе, и со истите гости може да продавате многу побрзо. Исто така, тоа е мошне важно за имиџот и за посакуваните клиенти. Исфрлете го мислењето дека пониските цени носат секогаш повеќе профит и работа. Обидете се со некои од овие тактики за покачување на цените и гледајте како Вашата работа се зголемува и напредува.

Повеќе информации и консултации:


Слични написи