Винска географија

by ugostitelstvo.mk
ugostitelstvo.mk

Главната поделба во винскиот свет, во однос на географската застапеност на виновата лоза и производството на вино е на : вина од стариот свет и вина од новиот свет

Под вина од стариот вински свет се подразбираат вина, односно регионот на континентот Европа и оние земји кои уште оддамнина имаат воспоставено регулативи, закони, апелации, рангирање, развиена конзумација на вино, а со тоа и висока винска култура. Тоа се, пред сè, земјите: Франција, Италија, Шпанија, Германија и Португалија. Во овие земји, а пред сè во Франција се има развиено еден посебен пристап кон виното и лозата преку поставување на одредени стандарди на квалитет во лозјата, регионите и подрегионите, одредени микролокации, но и законите според кои се негуваат одредени стилови на вино.

www.ugostitelstvo.mk

Улогата, задачите и комплетот регулативи на овие вински власти скоро секаде се исти или слични и тие пред сè, ги спроведуваат следниве ограничувања:

  • Регионот на производство – секој регион е прецизно дефиниран, само вината направени од грозје кое е одгледано во таа зона или регион имаат право да го користат името на регионот
  • Дозволени сорти на грозје – секој регион си има определено сорти грозје типични за локалниот тероар и кои мора да се употребуваат во дадени пропорции.
  • Берба по хектар – постојат максимални количини по хектар кој винаријата мора да ги следи и не смее да ги надмине.
  • Минимум процент на алкохол кој треба да го има виното. Некаде има и макс.

www.ugostitelstvo.mk

Нов вински свет ги претставува земјите:

  • од ново откриените континенти и земјите како што се: Чиле, Аргентина, Северна Америка, Јужна Африка и Нов Зеланд и Австралија.

Тој настанува, со населуваањето на емигрантите од Европа – кои со себе покрај искуството и традицијата, ги донеле и прачките винови лози.

Необременети од товарот на строга регулаторна контрола винарите во овие земји работателе послободно, креативно, честопати изведуваат разни експерименти во процесите на производтсвото, но и во начинот на зреењето на вината.

Винариите многу повеќе го користеле маркетингот за  изнаоѓале различни начини за да ги презентираат своите вина.

Слични написи