Што е најдоброто од Ирска и зошто !?

by ugostitelstvo.mk

Кога би ги прашале ирците што е најдоброто од нивната земја, без размислување ќе ви одговорат дека тоа е пивото Guinness. Токму ова пиво го има превземено пазарот уште во далечната 1977 ма година, а токму денеска се полни во 49 држави и се продава во речиси 150. Многу е тешко да отпатувате некаде во светот, а да не го видите вашето омилено Guinness пиво, дури и да се решите да отидете на патување во Африка немојте да се изненадите дека дури и 40 проценти од ова пиве се точи токму таму, веруваме дека не сте ги знаеле овие 10 работи за пивото кое од секогаш сте мислеле дека е црно. 

1Оваа листа можеме да започнеме со бојата која многу луѓе во светот мислеле дека е црна, но таа всушност е рубин црвена. 

Покрај тоа што секојдневно се пие огромна литража на пиво, бизнисот за ирците не застанува тука, тие секојдневно продаваат повеќе од 10 милиони чаши во светот.

Доколку внимателно го насочите вашиот поглед во логото, ќе забележите дека има симбол на харфа, инструмент кој потекнува уште од 14 тиот век.

Бидејки денот кога се прославува Saint Patrick не била доволно голема причина да се пие пиво, ирците најдоа доволно добра идеа и причина повеќе да се пие пиво, тие одлучиле да одберат еден ден од неделата и истиот да го крстат Arthur Guinness day, токму ова е причина повеќе за незапирливо пиење на пиво и слушање на жива музика.

Можеби си помисливте дека меурчињата се само најобични како и во сите пива, верувајте дека се лажете. Содржината во оваа пиво верувајте дека е навистина различна тоа се должи на нитрогенот и карбон диоксидот кои се мешаат со пивото, а се добива густа содржина. Со ова мистеријата за густината на ова пиво е комплетно разрешена.

заштитен знакВистинските љубители на пивото најчесто сакаат да го уживаат со минимална пена, а нивната потреба треба можете да ја задоволите доколку ја ставите чашата на агол од 45 степени наточете го пивото и оставете го 119,5 секунди да отстои, па послужете го.

Првата пивара надвор од границите била отоворена во градот кој е познат по најголемиот број на пабови – Лондон во 1936 година, а после Лондон менаџерите во Guinness одлучиле да одат во Нигерија, Малезија и во Гана.

Guinness познати како old-school пивара, се прашувате зошто ?! Тоа се должи на начинот на кој го складираат пивото, модерните пивари користат метални буриња и современа технологија, а во Даблин Guinness го складираат најдоброто од Ирска во дрвени буриња дури од 1963 година.

“Најдобото од точилницата, звучи смешно” ! Верувајте дека постои наука а и уметност во пиење на темно пиво со посебна густина. Истражување спроведено во Австралија откри дека ова пиво е направено вистински да се ужива додека се пие во вашиот омилен паб, а не да се користи како алкохол со кој би се опијаниле.

Слични написи