Нездравата храна се сели од западна кон источна Европа

by ugostitelstvo.mk

Производите поради кои е докажано дека шетат на здравјето, се „отфрлени“ од западна Европа, сега земаат „замав“ во земјите од источна Европа, што довело до зголемен број на смртни случаи од кардиоваскуларни болести. Ако сиромашните порано јаделе помалце, сега јадат полошо, барем во Европа.

Болестите на срцето и на крвните садови се едни од најврените показатели на долгорочните ефекти на тоа како луѓето се хранат, а развојот на глобалните трендови на нашето евроазиско тло, јасно се отцртуваат на нив. Земјите на европскиот континент денес се делат на две големи групи според морталитетот од срцеви и кардиоваскуларни болести. Од друга страна, јужните, западните и северните делови од Европа бележат постојан пад на бројот на смртни случаи предизвикини од заболување на срцето и крвните садови на 1000 луѓе. Тој број сè повеќе се зголемува во последните 20 години, во источните земји од Европа, особено во регионот на поранешниот Советски Сојуз.

sh_Fast_Food_462.jpg.2591661

Директна споредба со поединечни земји достигна алармантни граници: според EuroHeartSurvey во 1980 година во Бугарија и Романија беше околу шест, а во Франција четири кардиоваскуларни смртни случаи на илјада жители. Тој број, во 2005та година, се зголеми на девет и пол во Бугарија, додека во Франција се намалил до два смртни случаи на илјада жители.

Иако се смета дека диференцијацијата во квалитетот на здравствената заштита е главна причина за овие промени, сосема сме сигурни дека и превентивните мерки се исто така многу важни. Поразвиените земји во Европа скоро ја постигнаа целта за идеална превенција на кардиоваскуларни заболувања. Преку внимателна маркетинг кампања,  во текот на неколку години успеале да се едуцираат за општата популација за клучните практични факти, дали жителите се свесни за нивното здравје и здравите навики.

Слични написи