Само за сладокусците – Baileys

by ugostitelstvo.mk
liker

Ирски микс од виски и крем, односно ликер, направен од страна на Gilbeys од Ирска. Во моментов и под заштита од страна на Diageo. Тој има декларирана содржина на алкохол од 17%  по волумен. Со поделбата на Меѓународните дестилатори и винари, бидејќи бараа нешто ново да се воведе на Ирскиот пазар, е создаден овој ликер.

Процесот на пронаоѓање започнал во 1971 година, а во 1974 година беше воведен како прв Ирски ликер на пазарот. Името било инспирирано од хотелот Bailey во Лондон. Производството се сведува на алкохол и крем, со Ирско виски од различни дестилерии, се хомогенизира до формирање на емулзија со помош на емулгатор кој содржи рафинирано растително масло. Овој процес ја спречува поделбата на алкохолот и кремот за време на складирањето.Количеството и другите состојки не се познати, но познат е фактот дека има билки и шеќер. Кремот што се употребува доаѓа од Ирска млечна компанија, Glanbia. Таа е главен снабдувач на кремот за Baileys повеќе од триесет години.

baileys flavorss

Производителот тврди дека Baileys има рок на траење од 24 месеци, и гарантира дека вкусот ќе остане непроменет, без разлика дали шишето е отворено или не, дали било во фрижидер, или не, само да е подалеку од директна сончева светлина. Освен ликерот, компанијата се обиде во неколку правци, и тоа во 2005 год лансираше чоколадо со нане и карамел варијанти од Ирскиот крем – кое имаше 17% алкохол. Подоцна, продолжи со кафе- варијанта на испробаниот крем, потенциран со вкус од лешник.

Дополнувања имаше и со златната верзија на ликерот, Baileys Gold, фамилијарната верзија на ликерот Biscotti, која започна во 2011 а под-бренд премиум производи се Baileys Chocolat Luxe, кои се комбинација на белгиски чоколадни пралини со Baileys. Од 2010, Baileys има своја линија на не-алкохолни кафе кремови. Последно од компанијата е Ванила-Цимет комбинација која е на пазарот во САД.

drinks_x3
Најпознат коктел кој содржи Baileys е Б-52, кој претставува слоевита комбинација, и тоа ликер од кафе Kahlua, ирскиот крем Baileys и коњак-ликерот Grand Marnier. Кога се подготвува правилно, состојките јасно се делат во три слоеви според нивната релативна густина, односно 10 мл Kahlua, 10мл Baileys и 10мл  Grand Marnier.

КАКО ДА НАПРАВИТЕ BAILEYS во домашна атмосфера ? Состојки : 1 чаша светол крем,  450мл  засладено, кондензирано млеко, чаша и половина Ирско виски (препорачливо е Jameson), 1 лажичка инстант кафе, 2 лажички сируп од чоколадо, 1 лажичка ванила, 1 лажичка екстракт од бадем. Упатство. Комбинирајте ги сите состојки во блендер и миксајте на голема брзина, 30 секунди. Ставете ја течноста во шише кое е цврсто затворено и чувајте го во фрижидер. Протресете пред употреба. Може да се користи до 2 месеци. Bailey’s оди во комбинација со чоколадо, цреши, бадеми.

Слични написи