ОХРИД ПОВИКУВА, ГАСТРОМАК КАНИ!

by Goran Damcevski

Ви ја најавуваме манифестацијата „ГАСТРОМАК 2019 – THE TASTE OF OHRID“, (check in 10 – check out 14.10.2019). Сидрото го фрламе во хотелот „Нова Ривиера“, бисер на бисерниот Охрид, а не чекаат гастрономски бели ноќи. Ќе готвиме, пробуваме, оценуваме а со вино ќе правиме симфонија од секој оброк. Дојдете, ќе ги вкусиме и ѕвездите!
Оваа гастрономска покана важи за сите што ја сакаат храната, традиција, го љубат модерното а треперат за поинаквото. Во чинијата на вкусовите вашите ќерки ќе го препознаат новото време.
Не го пропуштајте неколкудневниот гастрономски спектакл во Охрид!

ГМ

Слични написи

Leave a Comment