Кои се најбукираните европски градови?

by ugostitelstvo.mk

Лондон падна од првата на десеттата позиција на листата со топ 10 европски градови кои имаат најмногу резервации на летови, а сето тоа поради ограничувањата на границите и новите правила за карантин кои се воведени во Обединетото Кралство.

Изминатите неколку месеци карантинот и корона-кризата го парализираа сообраќајот од остатокот од светот, покажа најновото истражување на Светскиот совет за патување и туризам (World Travel and Tourism Council – WTTC) и аналитичката куќа ForwardKeys.

Во првата половина од јуни минатата година, кога беше во полн замав летната сезона, Лондон беше најбукираниот град во светот. После него следуваа Париз и Рим. Сепак, поради последиците од корона вирусот и рестрикциите за патување, Лондон ја изгуби челната позиција. На трето место се најде Амстердам, грчката престолнина, Атина, е на четврто место, додека Рим е на петто место.

Втората петорка од топ 10 најбукирани европски градови ја сочинуваат: Мадрид на шесто место, Франкфурт на седмо, Виена на осмо, Барселона на деветто и Лондон на десетто место. Во споредба со лани, португалската престолнина, Лисабон забележа најдобар напредок – се искачи на чело на листата од деветтата позиција лани.

Според Оливие Хаге, извршен директор на ForwardKeys алармирмантно е тоа што Лондон, најпопуларната европска престолнина за туристите, падна од врвот на десеттата позиција во текот на првата половина од јуни. Минатата година Обединетото Кралство привлекло повеќе од 40 милиони посетители од прекуокеански земји. Oвие податоци од WTTC и ForwardKeys покажуваат дека ако британската влада продолжи да се влечка во смисла на најавувањето на наредните чекори, вклучувајќи го и отстранувањето на границите, тоа ќе се одрази страшно лошо на туризмот и на патничкиот сектор.

Според Глорија Гевара, претседател и извршен директор на WTTC, ограничувањата на патувањето и карантините во светот се одразуваат на авионскиот превоз и побарувачката за патување до и од Лондон. Последните букирања на европските туристички дестинации покажуваат огромен пад. Иако податоците на ForwardKeys јасно покажуваат дека Европа полека се враќа во нормала благодарение на олабавувањето на рестрикциите. Примената на глобалните протоколи, како и следењето на контактите и тестирањето за корона вирусот, како што открива иницијативата Safe and Seamless Traveller Journey на WTTC’, ќе ја врати довербата на луѓето и ќе ги охрабри да патуваат.

INOVATIVNOST.MK

Слични написи