Kатастрофалната состојба во туризмот

by ugostitelstvo.mk

Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во мај престојувале само 838 туристи, кои оствариле 4 946 ноќевања.

Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %. Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 96.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 98.0 %.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 63.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58.2 %, а кај странските има намалување за 65.6 %. Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56.0 %, а кај странските има намалување за 66.0 %.

OHRIDNEWS

Слични написи