ПРЕДЛОГОТ ЗА НЕДЕЛА ДА БИДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ГИ НАЛУТИ УГОСТИТЕЛИТЕ

by ugostitelstvo.mk

Недела да биде неработен ден е неприфатливо за угостителската индустрија. Како најпогоден сектор во оваа пандемија, угостителите се лути, велат дека секое дополнитено ограничување на нивната работа претставува дискриминација и деградација.

Ниеден угостител нема да се согласи да не работи во недела, велат од независната угостителска комора бидејќи според нив фамилијарните неделни дружби најчесто се прават во кафеаните и кафулињата.

Граѓаните пак со поделени мислења. Министерката за труди и социјална политика вели дека го чуле мислењето на сите засегнати страни. Уверува дека ќе изготват прифатливо решение за сите.
Драфт верзијата на законското решение е изготвена, министертвото за труд и социјала ја доставило Владата.

Пред крајното решение ќе има уште консултации за да се утврди точно и прецизно види кој ќе биде исклучок од овој закон.

24 ВЕСТИ

Слични написи