Програма за автентично женско лично водство

by ugostitelstvo.mk

Inspirit Coaching организира обука за автентично женско лично водство, наменета за секоја жена што сака да игра на големо, да биде лидер за себе, за оние што и се важни, за околината.

Ова е програма со која жените ќе разберат зошто и како се кријат, зошто играат на мало, програма што им ќе им помогне да играат на големо, што и да значи играње на големо за нив!
Внатрешниот критичар е гласот на недовербата во себе, на отпорот и стравот. Тој ви зборува дека не сте подготвени, дека не сте доволно добри, дека е премногу ризично или е премногу добро за да биде вистина.

Препознавањето на внатрешниот критичар е првиот чекор во играта на големо. Да го препознаеме и да не дозволиме да нè контролира.

Не е важно дали сте извршна директорка, волонтерка во општеството, уметница, професорка, раководител на проект, политичарка или мајка.

Сакате да постигнете повеќе и поинаку во животот?
Сакате да дејствувате според своите стремежи и мотиви?
Сакате да се ослободите од чувството на страв, сомнеж во себе, грижа за тоа што мислат другите за вашите идеи?

За повеќе информации околу оваа обука посетете го следниот линк.

Слични написи

Leave a Comment