Го прославуваме Светскиот ден на кафето!

by ugostitelstvo.mk

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Започнувајќи од 29ти септмври, до 1ви октомври го одбележуваме Светскиот Ден (или викенд годинава) на Кафето! Официјалната дата е 1ви октомври, но повеќе од 70 земји кои се во Меѓународната Огранизација за Кафе го прославуваат овој ден на различни датуми.

Светскиот Ден на Кафето  е глобална прослава на кафето, од самото берење па се до вашата топла чаша, можност на која љубителите на кафе се заблагодаруваат на сите оние кои го одгледуваат и произведуваат кафето.

Во март во 2014 година во Милано е одржан состанок од страна на Меѓународната Организација за Кафе на која е согласено првиот официјален светски ден на кафето да биде одржан во Милано во 2015 година, на саемот Milan EXPO во Милано.

Многу држави го прославуваат овој ден околу 1 октомври, најчесто на 28 и 29 септември. Годинава ја имаме честа да си направиме наш викенд на кафето каде што релаксирано ќе уживаме во секоја голтка.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_video link=”https://youtu.be/iWfh1ntDG2Y”][/vc_column][/vc_row]

Слични написи

Leave a Comment