Најдобрите гастрономски дестинции

by ugostitelstvo.mk

Ако храната, виното и автентичноста на кујната се битен фактор за време на вашето патување, изборот на дестинација која би ја посетиле за вас воопшто не е лесна задача. Со толку многу локални говачи и гастрономска традиција ширум светот, не е воопшто лесно да изберете една на која би отпатувале, но сепак постојат неколку места на светот кои заслужуваат приоритет. 

Hong Kong

Како за почеток, своето место на листата го завзема овој град. Ова не е обичен град, ова е град кој секојдневно ги прославува иновациите, а во себе има врежано долгогодишна кулинарска традиција и повеќе од 11 илјади ресторани, тешко е да се поверува да отпатувате во овој град, а да не најдете јадење кое нема да ги задоволи вашите гурмански барања. Покрај илјадниците штандови за брза храна, спремете се да уживате во каламари, ракчиња и шкампи прелини со холандезе сос.

kineska kujna

Paris

Секако ниедна листа не може да се заврши без градот на светлината – Париз. Во неговите бројни ресторани можат гордо да се пофалат дека работат најдобрите светски готвачи (Ducasse, Robuchon, Passard). Меѓутоа, она што Париз го прави посебно место за уживање е новата храна и желбата за експериментирање што секогаш резултира со светски познато јадење.

franckuska kujna
Секако ако посакувате да уживате во традиционално француско јадење како кроасаните, нив можете да ги најдете на секој чекор. Можеби е познат како најубавиот град во светот но исто така е познат како и мултинационален град, тука ја имате можноста да уживате на едно место во повеќе интернационални кујни, почнувајки од афричка па се до американска кујна.

Copenhagen

Најпрво да се расчисти една работа, Скандинавскиот главен град има многу повеќе од Ресторанот Нома, ресторан број 1 во светот рангиран од Pellegrino. Доколку сакате да уживате во скандинавската кујна која поседува Мишелин Ѕвезда, реално во Copenhagen постојат 15 такви ресторани. Доволно беше зборување за фенси ресторани најдобриот дел од овој град е удобноста и уживањето во уличната храна, како што се сендвичите наречени smørrebrød направени од свинско месо, сенф, тиква и огрозд или пак класичен дански хот дог кој можете да го најдете во Døp или пак во Harry’s Place.

данска

  Istanbul

За класичните американци, патување до ИстанбУл може да биде најголемото доживување кога за момент ќе ги погледнете сите тие луѓе кои ве повикуваат во нивните ресторани и ви нудат најразновидна храна. Сетоа тоа може да биде нападно на почетокот, но доколку останете малку подолго, тешко ќе ви биде подочна да го напуштите градот кој ви нуди храна од два континенти, култура во пиење чај, храна со премногу зачини, малку поинаков омлет со патлиџани и кромид (menemen), но сепак овој град не го прави поинаков само храната. По уживањето во храната и традиционалното турско кафе, задолжително преминете во Азија и уживајте во знаменитостите кои датираат од дамнежни времиња, и како за крај запаметете Истанбул е рајот на храната и историјата.

турција

Melbourne

Доколку Сиднеј го наречете Њујорк, тогаш Мелбурн би бил Сан Франциско, помал град и многу Викторијански уреден, со импресивна гастрономска сцена и кафе култура. Сцената во Мелбурн е оформена од готвачи кои потегнуваат од овој град и сега се ултра познати во гастрономијата, а се имаат посветено да направат незаборавно искуство во овој град, да започнеме од Frank Camorra и Andrew McConnell, за разлика од италијанските доселеници кои на Мелбурн му ја донесоа и врежаа италијанската кафе култура. Можеме да кажеме дека во овој град можете да уживате во секој поглед.

melburn

Слични написи