Шар Планина ќе се прогласи за национален парк врз основа на студијата за валоризација

by Goran Damcevski

 

Студија за валоризација на Шар Планина“ е клучниот документ од речиси 700 страници што беше завршен во март 2020 година по што постапката за прогласување на масивот за национален парк отиде чекор напред со одлука на Владата на 5 мај за прифатливоста на иницијативата. Сега следува спроведување на јавна консултација и јавна расправа и усвојување на Законот за прогласување, кој за категоријата Национален парк го усвојува Собранието, на предлог на Владата

„Студија за валоризација на Шар Планина“ е клучниот документ од речиси 700 страници што беше завршен во март 2020 година, по што постапката за прогласување на масивот за национален парк отиде чекор напред со одлука на Владата на 5 мај за прифатливоста на иницијативата.  Сега следува спроведување на јавна консултација и јавна расправа и усвојување на Законот за прогласување, кој за категоријата Национален парк го усвојува Собранието, на предлог на Владата.

Главен исчекор во создавањето на студијата е проектот „Постигнувањето на зачувување на биолошката разновидност, преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, имплементиран преку Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП), каде главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање  (МЖСПП), а во својата прва, компонента, предвидува проширување на мрежата на заштитени подрачја во државата.

Повеќе прочитајте на, МИА

 

Слични написи

Leave a Comment