Начини на подготовка на компир

by ugostitelstvo.mk
компир салата

Компирот е идеален прилог за речиси секое јадење, пред се заради својот неутрален вкус. Не ретко може да биде и главен оброк.

Потекнува од јужноамериканските Анди, а како билка и припаѓа на фамилијата Solanaceae. Денес е речиси задолжителна намирница при подоготовка на оброците и лесно се комбинира со речиси сите јадења.

Може да се каже дури и дека не постои кујна во светот што не користи компир. Постојат многу начини на подготовка на компирот, варен, печен, пржен, или како салата. Ви пренесуваме неколку најуниверзални начини на негова подготовка.

Варен компир – компирите се лупат, се сечат на приближно еднакви делови, се ставаат во студена вода, се става сол во водата и се варат на тивок оган. Пред послужување се прелеваат со стопен со путер и посипат со сечкан магдонос.

Пире од компир

Компирите се варат во солена вода, се исцедуваат,  се додава путер и млеко, се пасира и добро се промешува. Германците практикуваат да нарендаат малку морско оревче. Обидете се, одлично е.

Рестован компир

Компирите се варат во лушпа, потоа се лупат и сечкаат или рендаат.Во посебен сад се пропржува кромидот, а потоа се додава компирот, се промешува и кусо време се пропржуваат заедно. Пред крај на пржењето може да се додаде црвен пипер и да се послужи со сечкан магдонос.

Прежени компири

Компирот се лупи и сече на правоаголни стачиња со дебелина на молив, се посолува, се суши во крпи и се пржи на врело масло.

Крокети

Веќе сварените компири изрендајте ги или изгмечете ги а потоа измешајте со брашно и јаца и зачинете по желба. Од смесата обликувајте топчести форми и пржете на врело масло. По желба, пред пржење, можете топчињата да ги извалкате и во презла.

Пекарски компир

Излупениот компир исечкан на кришки или кругови се остава да отстои во чинија со студена вода. По дваесетина минути се испира под млаз вода а потоа се става во сад каде се зачинува по желба, се додава масло и се промешува. Парчињата компир се редат на плех обложен со хартија за печење, распоредени да не се преклопуваат и се пече во рерна триесетина минути. Потоа се превртуваат компирите да се запечат и од другата страна и на крајот се посолува.

Универзална компир салата

Варен компир, сечен на парчиња, се додава кромид, сол, бибер, масло и лимон. По желба може да се додаде лажичка мајонез. Обично оваа салата се послужува како прилог со риба, но може и со каков било оброк. Во последно време откако на нашиот пазар се појавија различни зеленчуци, се зголеми и можноста за различни салати со компир. Може да се комбинира со рукола или со свеж спанаќ, со праз или со каков било свеж темнозелен зеленчук. Убаво и за очи и на вкус…

idm universal activator.rar free download

tech utilities crack

auto clicker murgee full version

avast password crack

avast anti track premium full

superantispyware professional registration code 2017

 

Слични написи