Како да порачате пиво на 5 различни јазици?

by ugostitelstvo.mk

Пивото е алкохолен пијалок кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиран после ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалоци често се нарекува превривање (англиски: brewing). Историски, пивото е познато од Античките Египќани и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле апсолутно поинакви од пивата кои се денеска на пазарот. Но и по многу години тие се еден од најчестиот пијалок во светот, а секако кога патувате потребно е да знаете како да ги нарачате. Во овој артикал ќе научите како да нарачате пиво на 5 јазици. 

Австралија

австралија
Можеби ќе си помислите, зошто би требало да знам како да порачам пиво во Австралија, кога и со англиски ќе се снајдам? Точно, тие зборуваат англиски, но аussie сленг на англиски. Доколку се најдете во паб, треба да изговорите: “A schooner of Pure Blonde please, mate!

Франција

француско пиво

На вашиот одмор во Франција, сигурно на крајот од денот, откако веќе сте се измориле од истражување на француските многубројни знаменитости ќе посакате ладно пиво. Тогаш, употребете го следново прашање: “Une autre bière s’il vous plai?”

Италија

пица и пиво

Во Италја, пристоен начин да порачате пиво е да речете “Posso avere una birra?” или пак “Vorrei una birra, per favore.”

Јужна Кореа

точено пиво
Тешко е да се долови корејскиот изговор, но Корејците го обожаваат своето пиво, така што треба да научите како да порачате едно. Можете да кажете “Hangay meakju [mek-joo]. Тоа ќе им биде многу симпатично на Корејците и ќе ви аплаудираат на одличниот корејски јазик.

Шпанија

шпанско пиво

Ако сте решиле да паузирате од sangria или едноставно сте добиле желба за пиво, тогаш е едноставно, употребета ја вообичаената фраза: Una cerveza, por favor”.

Слични написи