Најскапиот коктел во светот

by ugostitelstvo.mk

Креацијата на ресторанот Gigi’s” која е направена во чест на актерката Grace Jones.

Овој коктел е на продажба во Лондон за неверојатни единаесет илјади евра, пијалок со цена на нов фамилијарен автомобил. Менаџерот на ресторанот Cesare Papagna изјавил дека сака да и даде на иконската филмска ѕвезда нешто навистина посебно во знак на благодарност за нејзиното присуство за време на отварањето на неговиот ресторан.

За овој коктел се употребени двата најскапи и најстари пијалоци:

  • 1990 Vintage Cristal
  • 1888 Samalens Vieille Relique Vintage Bas Armagnac

[metaslider id=4051]

Покрај овие супер скапи пијалоци, за сликата да биде целосназ Cesare користи и златни листови. За добиената инспирација Cesare рече: “Нашата цел воопшто не е да направиме коктел кој ќе може да го ужива џет сетот, туку да направиме нешто незаборавно за Grace Jones, а воедно да и заблагодариме за нејзината посета.”

 

Слични написи