Бизнис форум-Софија, Р.Бугарија

by ugostitelstvo.mk

Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонско-бугарската стопанска  комора и Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, организира посета на Стопанската комора на Бугарија, на која ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и бугарски компании.

При официјалната посета ќе се разговара за можностите на делување во интерес на бизнис заедниците од двете земји, а во врска со состојбите во инфраструктурата, намалување на трошоците за транспортните услуги, интензивирање на извозот во металниот, рударскиот сектор, и  фармацевтската индустрија, што претставува клучен фактор за зголемување на соработката меѓу македонските и бугарските бизнисмени.

Деловните средби ќе се одржат на 12 март 2015 година (четврток) од  09:30 часот до 14:30 часот, во просториите на Стопанската комора на Бугарија.

Деловните средби се во насока на воспоставување директни бизнис релации со компании од повеќе дејности, особено од областа на:

  • градежништвото;
  • металната и електроиндустријата;
  • хемиската и фармацевтската индустрија;
  • текстилната;
  • прехранбената и преработувачката  индустрија и
  • туризмот.

Компаниите ќе имаат можност да ги разгледаат и постојните потенцијали за деловна соработка преку реализирање проекти за заеднички производ со повисоки вредности и заеднички настап на компании од двете држави кои имаат компатибилни техничко-технолошки капацитети за учество на трети пазари.

Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 26 февруари 2015 година, за да може Стопанската комора на Бугарија да обезбеди соодветни партнери за македонските компании.

Слични написи