Успешна Фејсбук реклама во четири чекори

by ugostitelstvo.mk

Со текот на времето, достигнување до точната целна група само преку Фејсбук објавувања станува навистина многу тешко, што значи дека многумина се многу поактивни на социјалната мрежа од обично. Некои статистики покажуваат дека 66% од сите корисници, односно повеќе од 2 милијарди корисници, се активни на дневна база.

Структурата на Фејсбук рекламите

 

Кога станува збор за градење на Фејсбук реклама, добро е да се запомнат некои основни работи за структурата на рекламите и како тие работат:

Постојат 3 клучни работи за градење на ефективна Фејсбук реклама, како што е покажано на сликата погоре. Еве ги четирите совети за тоа како да направите ефектиивен дизајн што ќе Ви донесе одлични резултати:

  • Секоја Фејсбук реклама кореспондира со индивидуална цел за поголема посетеност на Вашата веб страна.
  • Обезбедете буџет и времетраење на секоја Ваша Фејсбук реклама.
    НОВО: дефинирајте ја целната група, каде да се наоѓа и останати нагодувања.
  • Секој сет на реклами може да содржи повеќе поединечни реклами со различни слики, видеа или линкови.

[gap height=”10″]1. Дефинирајте ја целта

 

Пред да започнете со дизајнирање на објавата, прво што мора да направите е да ја дефинирате целта која сакате да ја постигнете. Повеќе прегледи? Повеќе достапност? Пренасочување кон Вашата веб страна? Повеќе прегледи на Вашето видео?
Креирањето и форматирањето на рекламата, во зависност од целта, нема да биде исто. На пример, инспиративни фотографии имаат поголем ефект доколку водите кампања за подигање на свеста, додека примамлива порака е потребна за корсниците да кликнат на Вашата реклама.

2. Користете фотографии со висок квалитет

Добри фотографии кажуваат многу, затоа не постои причина зошто Вие би објавиле фотографија со помал квалитет или дефокусирани фотографии. Можеби не сте сигурни кои димензии на фотографиите се најсоодветни за Фејсбук новости (newsfeed) и Инстаграм новости (newsfeed), или пак треба повеќе да обрнете внимание на мобилната или на десктоп везријата? Доколку сакате да ја пресечете сликата, но сепак сакате таа да содржи повеќе информации, препорачливо е да ги објавите во ротирачки формат.

3. Покажете како луѓе го користат тоа што го нудите

На повеќето социјални медиуми е докажано дека покажувањето на луѓе, особено лица, може да влијае негативно на бројот на прегледани фотографии и објави. Но, тоа не е случајот со Фејсбук.
Рекламите на Фејсбук најчесто се појавуваат на новостите (newsfeed) на корисникот, покрај фотографиите од неговите колеги, семејство и пријатели. За да добиете поголемо внимание на Вашата реклама, направете ја така да таа прави чувство дека e дел од социјалниот живот на корисникот. Затоа, споделете фотографии од луѓе како уживаат во тоа што го нудите, наместо фотографија од самиот производ.

4. Помалку е повеќе

Последно, но подеднакво важно е тоа дека принципот на „помалку е повеќе“ исто се однесува и за Фејсбук реклами, особено кога станува збор за текстовите. Фејсбук ги одбива рекламите каде што повеќе од 20% е текст. Причината е едноставна, текстот ги „натрупа“ новостите (newsfeed) на корисникот и вниманието е оттргнато од поенатата на рекламата, затоа Фејсбук ги скратува текстовите на долгите реклами. Тоа значи дека е подобро да имате пократок наслов и опис во склоп на фотографијата на рекламата. Доколку наместо фотографија имате видео запис, истот правило важи и тука – што пократко, тоа подобро.

Следејќи ги овие четрири чекори, Вашата Фејсбук реклама ќе има поголема ефикасност и ефективност во достинувањето до посакуваната целна група и промовирањето на тоа што Вие го нудите.

Слични написи

Leave a Comment