Музејот на Филип Македонски – најнова атракција во Халкидики

by ugostitelstvo.mk

Гробницата на Филип Втори Македонски е откриена во 1977, а археолозите и туристичките работници со големо нетрпение го чекаа денот кога ќе биде достапна за јавноста. Како што изминуваа годините гробницата е претворена во музеј, кој стана главна атракција за северна Грција.

Откако јавноста беше информирана за гробницата на Филип Втори Македонски аранжманите за посета на северна Грција значително се зголемени, па доколку планирате да ја посетите Грција во наредната година ова е местото каде треба да бидете.

„Гробот се наоѓа во Вергина која е изградена после доселувањето на Грците, кои биле протерани од Турција.“ изјави Пашалис Глос од агенцијата “Амботис”.  „ Овој крај е навистина богат со лозници, тутун, памук и овошје кои Александар Македонски ги донел од Персија. Туристите кои што ја посетуваат Грција со голема желба и возбуда доаѓаат во посета на овој локалитет кој има големо историско значење.“

Покрај камените украси успешно се зачувани и боите кои тогаш биле нанесени, заедно со прекрасните мозаици  и златото кое  било оставено.

Тука нема да го видите само гробот на Филип, до него е и една од седумте жени за која  знаеме дека била една од најсаканите, бидејќи покрај неа може да се забележи најубавата круна некогаш пронајдена во Грција.

Се верува дека во другата гробница во Вергина е погребан синот на Александар кој бил убиен од Касандер, зетот на Александар. Тука можете да видите златен венец со многубројни златни и сребрени предмети и уметнички творби.

Додека сте во посета на овој музеј за момент ќе се почуствувате како да сте дел од времето кога Филип владеел со светот, затоа што ќе бидете опкружени со оружје кое потекнува од античко време, оклоп, па дури и опрема за коњ. Ова е единствената гробница во светот во која е пронајден скелет од коњ.

Слични написи