Мускат вина – За љубителите на чоколадото и виното

by ugostitelstvo.mk
угостителство.мк

Според некои истажувања Мускатот е предок на многу други сорти грозје кои се познати и популарни од минатото.

Познатaта сорта на грозје Мускат комбинира голема и широка група на подвидови кои ја делат заедничката винова лоза која го носи латинското име Vitis vinifera. Оригиналното име на Мускат-от, е Vitis vinifera, познат е уште од античките времиња, уште од тоа време почнало активно да се посветува внимание на ова растение во големи количини се произведувало вино со највисок квалитет. Според професионалците, Мускат вината се карактеризираат со многу светли, јасни и експресивни вкусови.

www.ugostitelstvo.mk

Вкусот на вината Мускат се издвојува во однос на многу други сортни вина. Велат дека тоа е вродено во овој пијалок исто како и карактерот на човекот. Денеска оваа сорта на грозје е широко одгледувана во Италија, Франција, Германија , Португалија и на други места.  Сепак како и останатите видови на грозје така и Мускатот се дели на неколку типови. Од најпопуларните и добро пазнатите се вклучуваат: белиот Мускат, кој е најстариот вид и вториот вид познат како црн мускат, ова грозје најчесто се наоѓа во јужните делови на Балканот. Мускат хамбург има карактеристична арома на чоколадо и цитрус, а застапен е и во Македонија.

Веќе со векови прекрасните Мускат вина се популарни ширум светот, сепак покрај популарноста и побарувачката треба да се напомене дека употребата на умерена количина од ова вино е добро и препорачано за човековото здрајве. Грозјето од оваа класа содржи значителна содржина на амино киселини, витамини и природни минерални состојки.

Слични написи