Измени во законот за угостителска дејност.

by ugostitelstvo.mk

За една година треба да се прекатегоризираат сите хотели и угостителски објекти во државава.

Во собрание, е доставен (по скратена постапка), Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, со кој се интервенира во чинот на Категоризација на хотелските објекти.
(Начинот и постапката за спроведување на категорзацијата е регулирана во рамки на Законот за угостителска дејност, додека критериумите за утврдување одредена категорија за угостителскиот објект се утврдени во рамки на Правилник за категоризација, кој што го донесува министерот за економија).

Владата на Република Македонија, на 136-та седница одржана на 12.01.2016 година, донела Заклучок, со кој Министерството за економија се задолжува да подготви измени на Законот за угостителска дејност, со кој требало да се понуди нов концепт на спроведувањето на постапката за категоризација, со цел (како што стои во објаснувањето од Предлог Измените), подобрување на начинот и постапката за спроведување на категоризацијата во угостителските објекти за сместување.
При тоа не се менува Правилникот за категоризација.

Категоризацијата на угостителските објекти за сместување ја врши Комисија за категоризација на угостителските објекти формирана од страна на Владата на Република Македонија, од 13 члена, од кои 3 претставници од Министерството за економија, 3 претставници од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, по 1 претставник од, Кабинетот на заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Државниот пазарен инспекторат.
Членовите на Комисијата имаат свои заменици.
Членовите и замениците на членовите на Комисијата е потребно да бидат со завршено високо образование од областа на градежништво, архитектура, економија, туризам и угостителство и право, во зависност од надлежностите на органите на државната управа од каде што се предлагаат.
Претседателот на Комисијата се избира од редот на членовите на Комисијата, за период од една година, според принципот на ротирање.

Надоместокот за категоризација се предвидува да изнесува од 100 евра, за категорија на угостителскиот објект со една ѕвезда, до 500 евра за категорија на угостителскиот објект со пет ѕвезди (по 100 евра за секоја дополнителна ѕвезда)

Слични написи