Зошто е потребно да размислувате како гостин?

by ugostitelstvo.mk

Можеби сметате дека се во вашиот ресторан е одлично, храната, персоналот и декорот. Но, дали сте се обиделе да го погледните тоа низ очите на гостите? Штом потенцијалните гости влезат низ вратата од ресторанот, тие веднаш започнуваат со анализирање на впечатоците што ги гледаат. Доколку тие не се добри, гостите може лесно да си заминат. Сепак, ако се обидете да размислувате како нив, може да ги идентификувате проблемите и брзо да ги поправите грешките.

Пречек:

Вашиот хост или хостеса е веројатно првиот човек со кој клиентите ќе разговараат во Вашиот ресторан. Хостот треба да е пријателски настроен, љубезен и внимателен, што е задолжително за оставање на одличен прв впечаток. Меѓутоа, ако тој е груб, нападен и некомуникативен Вашите гости може веднаш да си заминат.

Местото за чекање:

Дали имате доволно место за гостите кои причекуваат за нивната маса? Дали има место за тие да седат или стојат? Дали имате телевизор или можеби бежичен интернет што ќе ги забавува додека чекаат? Сето ова е многу важен фактор за гостите да се чувствуваат важни и пречекани.

Декорација:

Ова е првата шанса клиентот да го види вашиот ресторан, па затоа декорот е од клучно значење. Посветете внимание и едноставно, на одреден период, променувајте го декорирањето и внесете свежина во објектот.
декорација
Тоалетот:

Додека гостиноит чека за маса, можно е тој да го посети тоалетот. Доколку хигиената не е на највисоко ниво, можно е истиот клиент да се запраша и за хигиената и чистотата во вашата кујна.

Мирис:

Идеално е кога целиот ресторан дискретно мириса на вкусни ароми кои доаѓаат од кујната. Но внимавајте тоа да не биде мирис од изгорено јадење.

Осветлување:

Дали ресторанот е премногу осветлен или многу темен? Уште полошо, дали имате прегорени светилки? Осветлувањето треба да ги импресионира гостите.

Чашите и приборот:

Пред гостите да го нарачаат јадењето, тие веројатно ќе добијат чаша и прибор кои мора да бидат беспрекорно чисти. И најмалата дамка ќе остави лош впечаток кој нема да ги воодушеви клиентите.
прибор
Знаци:

Доколку имате знаци за било каква насока, погрижете се тие да изгледаат професионално. Рачно пишуваните натписи сигурно нема да ги убедат гостите во сериозноста на ресторанот.

Хигиена:

Доколку подовите Ви се покриени во прашина или на прозорците имате дамки од раце, тоа ќе биде големо разочарување за гостите и за угледот на ресторанот.

Бучава:

Нивото на музика мора да биде доволно тивко, но и доволно гласно – за да гостите одржуваат нормален разговор меѓу себе. Исто така, добро размислете при изборот на музика.

 

Со одржување на овие правила, Вие ќе ги придобиете гостите уште во првиот момент поминат во Вашиот ресторан. Не заборавајте, гостите го гледаат и тоа што Вие не го гледате.

Слични написи