На интернационалениот натпревар за дегустација на кофе (Internacional Coffe Tasting), кој се одржа на 29 и 30 ноември во Милано, организиран од Меѓународниот институт за кафе тастери, Barcaffè espresso освои две златни медали за својте блендови, Barcaffè Tradizione и Barcaffè Prestigio.
Судии на овој натпревар беа кафетерии, а кафињата и пијалоците од кафе беа оценети врз основа на неколку критериуми, како што се: целината на вкусот, интензитет на аромите, структурата и постојаноста на пената.
,,Исклучително сме горди што на овогодишниот натпревар станавме носители дури на две златни медали, итоа во конкуренција на популарни брендови од Италија и пошироко”, изјави Андреј Беле, генерален директор на Атлантик Груп.
Освен тоа Barcaffè гордо носи дури 6 златни медали на меѓународни натпревари за тестирање на кафе. Искрено ни е драго што додаваме оваа година уште две златни медали, додаде Беле.
Barcaffe е еден од најзначајните регионални брендови во еспресо бизнис, чија приказна започнува уште во 1970 година во тогашната фабрика Дрога Порторож, а денес неговата понуда содржи повеќе од 40 производи, почнувајќи од мешавина на мелено кафиња, еспресо кафе, инстант напивки како и ,,coffee to go”