Moët & Chandon – поим за луксуз

by ugostitelstvo.mk
луксуз

Реномиран како светски, најсакан шампањ и еден од првите луксузни брендови во историјата. Самото име претставува глобална икона на луксуз и прослава. Низ целиот свет Moët & Chandon веднаш се поврзува со вековна традиција и модерно задоволство, долгогодишен гламур кој се движи од црвениот тепих, кон церемонии од висок ранг, до меѓународни избори и престижни спортски натпревари.

Историјата на шампањското – Основната изработка на шампањот била во 1743 година од Клод Моет, трговец на вино, кој првично го нарекол пијалокот Moet et Cie (Moet and Co.). Но, неговиот внук, Жан-Реми Моет, со брзина на светлината го трансформирал овој шампањ во широко распространет и поттикнат од својата амбиција го промовирал новиот  престижен луксузен бренд. Неговите лични посети во Франција загарантирале договори, а неговите идеи направиле столб за соработка со бизнис елитата што се одржува и ден денес. Тој верувал дека над се она што претставува шампањот – клучно било задоволството што го носи.

Moet-Chandon-Ice-Imperial-Champagne-2

Неговата визија важи и денес. Madame de Pompadour бил нивниот прв амбасадор, и ‘Империјал’ бил именуван во чест на Наполеон. Името ‘Chandon’ било додадено во 1832 година, по повлекувањето на Жан-Реми во пензија, кој ја напуштил компанијата и ја предава во рацете на неговиот син Виктор Моет и на неговиот зет Pierre –Gabriel Chandon de Briailles. Зетот вовел нови концепти кои биле доста успешни. The Brut Imperial, нивниот бестселер бил воведен во 1860 година. Денес, Moet & Chandon е една од најголемите компании кои произвдуваат пенливи вина во светот, со годишно прозводство од 26 милиони шишиња. Оваа престижна марка на шампањ е направена со висок стандард на перфекција. Во нивната линија освен Moet & Chandon, тука се и Imperial, Rose Imperial, Nectar Imperial и Grand Vintage.

[metaslider id=7680]

Уметноста во правењето на шампањ  Лозјата се класифицирани како Grand Cru, или Grand Growth, односно ознака за лозовите позната по квалитетот на грозјето. Во секое шише, има дел кој што е стар околку 300 години. Шампањот долго време се поврзува со луксузен живот. Секој голта, чиста течност луксуз. Самата презентација на шише шампањ претставува престиж, квалитет и причина за славење. Бербата во 1995 година, на која имало само 100 призведени пенливи вина Moet & Chandon Dom Perignon White Gold, етикетата била ласерски гравирана и достапна за купување само во Harrods, Лондон за нешто повеќе од 7750 фунти. Само како податок, не се изговара ‘mow-eh’ туку ’mow-ette’. 

Слични написи