Søke om Forbrukslån 2019 | Paras Pikavippi | Kredittkort på Reise | Spotpris på Strøm | Billigste Hyttealarm | Beste Forsikringsselskap 2019 | Beste Telefonabonnement | Bilforsikring

Регрутација и едукација на персонал во соработка со REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Regent Hospitality Consulting, посебно обрнува внимание на сериозноста и професионалниот пристап кон регрутирањето на персонал за хотелско угостителските објекти на сите нивоа.

Во процесот на регрутирањето употребуваме иновативни техники за изнаоѓање на кадар кој во најголем процент ги исполнува потребите и очекувањата на нашите клиенти.

Освен овие методи ние исто така употребуваме класични методи, лични контакти и релации прку кои непосредно и на најбрз начин приоѓаме до базенот на работна сила во регионот.
Максимално сме посветени на потребите и желбите на нашите клиенти.
Нивото на стручноста и вештините што се бараат од идните вработени го детектираме врз основа на нашето работно и стручно искуство во овој сектор. Доколку се појави потреба при дефенирањато на сложеноста на барањата за одредена работна позиција нашиот тим професионално и посветено учествува во детектирање на условите, со што максимално им ја олеснуваме работат на нашите клиенти.

Regent Hospitality Consulting е во постојано изнаоѓање на потенцијални кандидати кои во иднина би биле работно ангажирани кај нашите клиенти. Податоците и нивните портфолија се ставаат во електронска база преку која доаѓаме брзо и ефикасно до потребните информации.
Исто така сакаме да напоментееме дека при изведувањето на процесот на регрутација податоците што ни се нам достапни ние ги третираме како деловна тајна и тоа го поткрепуваме со пишани договори.

Со цел да ја го поедноставиме процесот на изнаоѓање персонал или слободни работни места, работодавачите како и потенцијалните вработено слободно можат да не контактираат и да ги достават нивните барања.

regenthospitality_vert-300x198

REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

023119615  |  070267087  |  070217058

contact@regenthospitality.org
www.regenthospitality.org

Сите права задржани © 2019 Regent Media