Основни вештини и знаења за добар готвач

by srna@regent.mk

Носењето нови идеи, креативноста, способноста да се работи во тим, но и да се води, сето тоа е неопходно за добар готвач.

За да бидете добар готвач, првенствено е важно добро да готвите, но тоа не е доволно. Покрај тоа што знаете како да подготвите оброк, многу се важни креативноста и имагинацијата, како во подобрувањето на вкусот, така и во сервирањето. За да подготвите добар оброк, треба добро да ја знаете храната со која работите.

Употребата на различни зачини, како и секогаш свежо овошје и зеленчук е она што ви треба, покрај вашата фантазија. Оброкот мора да биде сложен, што се постигнува само кога вкусот и изгледот оставаат впечаток на гостинот, за да му се разбудат сите сетила, да сака повторно да дојде, а да ве гледа како професионалец.

Потрудете се гостинот да добие желба да го фотографира вашето јадење и да го сподели со другите на социјалните мрежи. На овој начин ќе се подобрите себеси и ресторанот во кој работите.

 

 

Многу добро знаеме дека вкусовите се различни, па една од важните карактеристики на добриот готвач е да има способност да прифаќа критики.

Без разлика колку добро си ја вршите работата и колку се трудите, секогаш ќе има незадоволен гостин. Премногу солено, недоволно сварено, премалку… Гостинот сака вкус што му одговара за неговите пари. Сепак, не можете секому да му угодите, па затоа е неизбежно на некого да не му се допадне вашето, можеби одлично подготвено јадење.

Добриот готвач мора да знае да прифати лоша критика. Мора да се издигнете над тоа и да продолжите да се обидувате, не се обесхрабрувајте. Верувајте во способностите што ги имате.

Тимската работа е нешто што е неопходно. Готвачот во ресторан мора да знае и да може да работи со голем број луѓе. Неколку луѓе често работат на едно јадење, некои готват, други севирање, други подготвуваат прилози итн. Затоа, без разлика за која фаза сте задолжени, погрижете се добро да ги комуницирате меѓусебните визии, како и желбите на гостите. Да се ​​биде готвач е многу стресна работа. Ако можете да ја поднесете „вжештената атмосфера“, тогаш ова е вистинската работа за вас. Не заборавајте, треба да ги следите трендовите, да бидете храбри и креативни.

 

Преземено од: www.ugostiteljstvo.com

Преведено од: Ивана Митровски

Слични написи