Сѐ што треба хотелиерите да знаат за придобивките и користењето на ChatGPT

by srna@regent.mk

Откако ChatGPT беше лансиран во ноември 2022 година, хотелската индустрија почна широко да ја користи технологијата на вештачката интелигенција за да ја олесни комуникацијата со гостите, да ја забрза услугата и да го подобри искуството на гостите.

Што е всушност ChatGPT?  Тоа е отворен пристап кон вештачката интелигенција кој користи комбинација од НЛП и машинско учење за да им обезбеди на корисниците персонализирано искуство за време на интеракција со чет-бот. Со други зборови, тоа е платформа создадена за генерирање на текстуални одговори, а се што треба да направите е да поставите прашање или да ги внесете саканите упатства за тоа што Вас ве интересира.

Форматот за дијалог му овозможува на ChatGPT да одговара на прашања, да дава информации, да се корегира ако направи грешка и да одбие несоодветно барање. Покрај тоа, исто така се користи за брзо генерирање на содржина за веб-локација или за маркетинг цели.

Придобивки од користење ChatGPT

  1. Истражување – алатка за истражување и собирање содржини од различни извори, им помага на хотелиерите да дизајнираат конзистентна маркетинг стратегија, користејќи корисна содржина.
  2. Брзи одговори – обезбедува брзи и точни одговори на барањата на клиентите, обезбедувајќи можност во форма на повеќе слободно време за агентите за продажба да се фокусираат на сложени и различни прашања и задачи.
  3. Создава содржина – доколку се занимавате со маркетинг, оваа алатка може да биде многу корисна бидејќи креира содржина врз основа на вашите потреби и преференции, а вие само и обезбедувате клучни зборови

Како хотелиерите можат да ја користат оваа алатка?

ChatGPT веќе се докажа како ефективна алатка за создавање атрактивна маркетинг содржина која се однесува на целната група и влијае на продажбата.

  1. Го подобрува искуството на гостите

Обезбедува персонализирана услуга и автоматски одговори на најчесто поставуваните прашања. Затоа ChatGPT го олеснува бизнисот, ги намалува трошоците и влијае на задоволството на клиентите. Хотелите можат да обезбедат автоматизирана услуга 24/7, без потреба да се потпираат на работна сила. На овој начин тие заштедуваат време и пари кои би биле потрошени за вработување на дополнителна работна сила и обука на персоналот вклучен во давање услуги. Понатаму напредниот алгоритам му овозможува на ChatGPT побрзо и попрецизно да ги разбира барањата на гостите, обезбедувајќи им подобро искуство.

  1. Генерира описи на собите за веб-страницата на хотелот

Доколку се борите да напишете привлечни описи на собите што ќе привлечат гости, побарајте од ChatGPT да ви даде неколку примери. Можете да ги користите овие генерирани примери или слогани за вашата веб-страница и да привлечете гости да резервираат.

  1. Обезбедува основни совети за оптимизација, како што се истражување на клучни зборови, оптимизација на страницата, поставување сметки на социјалните мрежи…
  2. Пронајдете популарни онлајн канали за да го наведете вашиот хотел

Ако го прашате ChatGPT ,,На кои канали треба да го наведам мојот хотел за да го зголемам процентот на резервации?”, тој ќе ве упати до најпопуларните онлајн сајтови за патување, метапребарувачите, GoogleMyBusiness и платформите на социјалните мрежи.

Како се користи ChatGPT? Многу едноставно. Отворете ја вашата сметка на https://chat.openai.com/auth/login. Внесете барања или упатства и ChatGPT ќе ви даде одговори. Проучете и уредете го вашиот одговор доколку е потребно за да се осигурате дека е точен и релевантен.

 

Превземено од: eHotelier
Преведено од: Ивана Митровски

Слични написи