Комбинираните печки или печките за конвекција на пареа спаѓаат во групата на апарати кои наоѓаат се поголема примена во угостителските кујни. Иако првата комбинирана печка бела патентирана уште во 1960 година, комбинираните печки-конвектоматите, ретко беа застапени во професионалните кујни. Во последните 15-20 години нивната популарностсе повеќе расте во хотелските кујни, како и во поголемите ресторани.
Дури и денес, многумина не ги знаат сите предности на комбинираната печка, па затоа во овој напис ви носиме краток преглед на технологијата, предностите итоа како да ја изберете вистинската комбинирана печка.
Како работи комбинираната печка?
Оваа печка работи со три начини на работа: конвекција, пареа и комбинирана.
Во режим на конвекција, тополиот воздух циркулира внатре во рерната, што ја прави идеална за подготовка на десерти од тесто и леб, додека во режим на пареа, можеме да користиме пареа за готвење риба, ориз и зеленчук.
Сепак, главно се користи комбинација на режим на конвекција и режим на пареа, со цел да се постигне одредено ниво на влажност во рерната.
Нивото на влажност може да се прилагоди од 0% до 100% од максималната релативна влажност (количината на водена пареа во гасовита мешавина на воздух и вода). Терминот влажност во рерната најлесно може да се објасни со следниот пример.
Во деновите кога влажноста е поголема, луѓето имаат чувство дека температурата на воздухот е повисока отколку што тоа навистина е. Поголемата влажност ја пренесува топлината побрзо, и затоа чувствуваме дека е потопло отколку кога влажноста е ниска. Истиот ефект се применува на печките со конвекција на пареа и овозможува храната да се подготвува на повисоки температури, со можност за контрола на влажноста.
Со 100% релативна влажност, можете да подготвувате храна на висока температура, без да загори или да се исуши храната.
Главната предност на комбинираната печка е можноста за контролирање на нивото на влажност во рерната и спречување на сушење на храната и губење на тежината, притоа скратувајќи го времето на подготовка.
Предности на комбинираната печка
Комбинираните печки ги имаат следниве предности:
– Се спречува сушење и собирање храна
– Заштедува време, вода, енергија и простор потребни за готвење
– Ви овозможува да подготвувате различни видови јадења во исто време
– Спречува пренос на мириси и вкусови при подготовка на различни јадења во исто време
– Се добива исти резултати при подготовката на храната
– Заштедува енергија во споредба со конвенционалните начини на приготвување храна
– Овозможува готвење во фази (оптимизација на процесот на готвење со избирање секвенци од различни режими)
Комбинирана печка DE910HS на реноминираниот производител PRIMAX,
достапна и на пазарот во Македонија. Повеќе информации на, hotex.mk
Примена на комбинирани печки:
– Печење
– Пржење
– Готвење на пареа
– Бланширање
– Ферментација
– Скара
– Гратинирање
– Сотирање
– Варење
– Загревање
– SOUS WIDE ( СУВИД, начин на подготовка на храна со делумно готвење на ниски температури во вакум, по што храната се лади)
– Пржење без масло и сл.
Како да ја изберете вистинската комбинирана печка
Леснотија на користење
Комбинираните печки се произведуваат во повеќе верзии (независни од производителот), а најчесто среќаваме со мануелни, дигитални и модели со екрани на допир. Мануелната верзија е идеална за подготовка на помал број поедноставни јадења. Дигитално контролираните комбинирани печки ја претставуваат златната средина, бидејќи попрецизната контрола врз процесот на подготовка на оброците овозможува поставување (програмирање) на рецепти и готвење во фази. Верзиите со екрани на допир се врвна понуда кај сите производители, а како дополнителни предности имаат лесно користење, меморирање и селекција на рецепти, лесно приготвување на различни јадења во исто време, целосна контрола на целиот процес на подготвување оброци.
Котел или директно вбризгување на пареа.
Многу готвачи тешко можат да ги разликуваат овие два модели во пракса, бидејќи главната разлика е во внатрешноста на комбинираната печка. Комбинираните печки со котел, во внатрешноста, загреваат голема количина вода за да се подготви пареа, додека моделите со директно вбризгување на паре, вбризгуваат мала количина вода директно во грејниот елемент во комората, создавајќи пареа што циркулира низ вентилаторот. Општо земено, комбинираните печки со котел имаат предност во кујните кои приготвуваат големо количество храна, во комбинираните печки каде вратата често се отвора при приготвување на храната на пареа и при подготовка на храна на ниски температури. Најголемиот недостаток на комбинираните печки со котел е поскапото одржување..
Плин или струја?
Традиционално, повеќето готвачи и инвеститори претпочитаат електрични модели.
Предностите на електричните модели се пониска набавна цена и помали трошоци за одржување, додека предноста на моделите со гас е до 50% поголема ефикасност во споредба со најдобрите електрични модели.
Големина на рерната?
Во кујните на хотелите и рестораните обично наоѓаме:
– Помали модели
а) 6 x GN 1/1 – капацитет 30-80 оброци / ден
б) 6 x GN 2/1 – капацитет 60 – 160 оброци / ден
в) 10 x GN 1/1 – капацитет 80 – 150 оброци / ден
– Поголеми модели
а) 10 x GN 2/1 – капацитет 150 – 300 оброци / ден
б) 20 x GN 1/1 – капацитет 150 – 300 оброци / ден
в) 20 x GN 2/1 – капацитет 300 – 500 оброци / ден
– Модели прилагодени за пекарство (600×400 mm)
Чистење на Комбинираните печки?
На пазарот постојат главно 3 вида на печки кои можат да бидат:
а) без вграден систем за чистење
– Се користи режим на пареа, средството за чистење се дозира рачно, а на крајот комората се исплакнува со рачен туш
б) со вградено полуавтоматско чистење
– Се користат специјални програми за перење, детергентот се дозира рачно, а на крајот комората се плакне со рачен туш.
в) со вградено автоматско чистење
– Целосно автоматско перење со комора
И накрајот наколку збора за енергетската ефикасност.
Комбинираната печка во кујната може да замени 40-50% од класичните уреди за конвекција (печки, кипер, бојлери, скари, шпорети…), и на овој начин значително ќе ја намалите потрошувачката на струја, вода,време, персонал, простор и др.
ugostitelstvo.mk