Вашиот кафе бар работи добро, имате добра посетеност, атмосферата е добра, се ви укажува дека сте на вистинскиот пат да имате добар бизнис. Но, сепак, не сте во целост задоволни.
Постојано имате чувство дека нешто недостасува.
Со оглед на времето во кое живееме и ги водиме нашите бизниси повеќе од сигурно е дека секогаш постои простор да имате поефикасна деловна активност. Со појавување на новите трендови на работењето на угостителскиот сектор не е веќе доволно еден угостителски објект да биде, само ефективен. Со заострување на конкуренцијата како и со се поголемите барања на гостите ефикасноста на вашето работење со јавува како битен елемент.
Секако дека постојат многу начини со кои вие можета ги охрабрите гостите почесто да го посетуваат вашиот кафе бар, но исто така да ги охрабрите постојните гости да ве посетуваат се почесто.
Во овој текст ќе се обидеме малку да ви помогнеме и да ви дадеме неколку едноставни и достапни идеи, со цел да го подобрите работењето на вашиот кафе бар.
Размислете за атмосферата како и за тематиката во вашиот кафе бар.
Една од работите што може да го промени текот на работењето во еден бар е атмосферата која моментално е присутна во објектот. Постојат неколку аспекти што треба да ги разгледате, без оглед дали го преиспитувате вашето работење или конкретно сакате да промените нешто во врска со изгледот на вашиот кафе бар:
- Вашиот бар треба да има тема, бидејќи тоа ќе ве одвои во морето на монотонијата. Ова може да се постигне на повеќе начини, еве еден пример: понуда за пијалоци нека биде во согласност со демографската слика на областа во која се наоѓате.
- На гостите секогаш треба да им понудите нешто ново, со интересна презентација и задолжително украсување, бидејќи визуелниот ефект име е многу важен на гостите.
- Еднаш месечно или неделно треба да се организираат настани што ќе го привлечат вниманието на гостите.
- Тематската вечер е секогаш привлечна, со што ги задржувате постоечките и привлекувате нови гости.
Бидете доследни и секогаш послужувајте го најдоброто еспресо
Еспресо кафето е еден од оние производи каде квалитетот мора да биде 100%.
Гостите секогаш ќе отидат и подалеку само за да се напијат квалитетно еспресо. Ако го земете во предвид овој факт, вам и нема да ви треба најдобра локација за да имате секогаш гости што сакаат добро Еспресо.
За да имате одлично Еспресо потребно ви е следното:
- Солидна професионална машина за еспресо,
- Премиум кафе -Арабика 90% / Робуста 10%
- Погрижете се секоја шолја кафе да биде направена од искусен бариста.
- Покрај тоа, пожелно е да се следат трендовите на пазарот како како и конкуренција во вашата близина.
Ергономија
Ергономијата е од витално значење во оваа приказна. Многумина веќе се запознати со ова, но не е на одмет да се повторат и да се посочат неколку работи што можат да влијаат на понатамошниот тек на вашато работење.
Бидете сигурни дека работната површина, особено работната површина за кафе, е добро поставена за да може баристата лесно се движи и непречено ги извршува своите активности.
Важно е вработените да не се натпреваруваат едни со други во освојувањето на просторот.
Продавањето голема количина кафе е камен-темелник на секој кафе бар, затоа проверете дали работниот простор е совршено усогласен.
Покрај другото, барот, кујната, касата како и останатата опема треба да има соодветен распорд со цел ада се пистигне ефикасност во работата.
Тоаа значи дека шанкот треба да е со соодветна висина и има лесен пристап до чашите и останатиот прибор.
Ставете го пос принтерот на предниот дел од шанкот, поблиску до работниот простор на баристата. Ова ќе му овозможи побрзо да ги прима нарачките и побрзо да започне со подготовка, што го прави исклучително ефикасен, а во исто време келнерот непречено ги извршува своите должности.
Не очекувајте невозможно од вашите вработени, обезбедете им добри услови за работа, а за возврат секогаш ќе бидете фул со гости!
Промовирајте нешто повеќе од кафе и ладни пијалоци
Кафе барот никогаш нема да заработи доволно пари само од продажба на кафе и чај. Кафето може да биде главниот мотиватор за гостите, особено деловните луѓе, но тие ќе мораат да порачуваат повеќе пати за вашиот кафе бар да биде успешен.
Ретко кој гостин ќе пие повеќе од едно кафе за време на посетата.
Кафето треба да биде околу 40% од вашата неделна продажба, а секој гостин треба да порача барем два пијалока, тогаш сте на вистинскиот пат. Во тој случај, проверете дали секогаш имате нешто што ќе оди со вашето кафе.
Проширете го вашето мени
Менито со храна може да биде ефикасен начин за подобрување на бизнисот со кафе барот. Додавање супи, салати, сендвичи, пици, колачи и други јадења, чија подготовка не бара долга обработка, ќе направи вашиот кафе бар да биде по посетено и интересно место, не само за пауза за кафе, туку и место за ручек, а луѓето сакаат секогаш да јадат.
Во менито на кафе барот секогаш вклучувајте нешто ново за да ја отворите вратата и за новите гости.
Многу кафе барови работат добро со специјални понуди, како што се органски или вегански производи.
Ако планирате да воведете нешто ново, прво направете пробна фаза, за да ја видите популарноста на производот.
Организирање на настани
Ако во вашиот кафе бар има место за музика во живо, читање поезија или некои други настани, започнете да ги организирате, колку што е можно повеќе.
Објавете го вашиот календар на настани на социјалните медиуми. Контактирајте музичари, писатели и организатори на различни артисти за да видите дали би биле заинтересирани да го користат вашиот кафе бар како место за одржување на нивните настапи.
Направете профили на социјалните мрежи
Интернетот е ефикасна промотивна алатка за претприемачите, кои се подготвени да вложат време и напор во интеракција со јавноста. Тоа е обврска за угостителите, но и шанса да допрат до огромен број на луѓе, без големи инвестиции.
Повеќето од вас веќе имаат профил на Фејсбук и голем број следбеници. Започнете ја вашата приказна.
Споделете приказни што се од интерес за локалната заедница или се поврзани со вашата дејност, едуцирајте ги вашите гости, но немојте да претерате.
Кажете им на луѓето какви настани организирате и што има на репертоарот – да видат дека нешто се случува со вас. Гостите секогаш бараат нови настани и нови места за излегување.
Секогаш одговорајте на коментари, бидејќи со вистинска интеракција со луѓето, покажете лојалност кон вашите гости и така ќе дојдете до нови гости.
Дали знаете што навистина им нудите на вашите гости?
Некои сопственици на кафе барови не разбираат дека гостите треба да бидат разбрани и целосно задоволни, па затоа тие често се концентрираат на погрешни делови од понудата.
Вашите гости го користат кафе барот од повеќе причини, не само за да ја задоволат својата жед и глад или потребата од кофеин.
Постојат и други причини како што се:
- Бекство од стресната канцеларија.
- Место за работа (што значи wi-fi).
- Место каде што се одржуваат и развиваат врските.
- Деловните состаноци во угостителските објекти не се невобичаени, и друго
Разбирањето на потребите на вашите гости ќе ви помогне подобро да ја дизајнирате понудата и да донесете одлуки што ќе привлечат нови гости, но и да ги задржите редовните.
Јасно е дека понекогаш е поскапо да се привлечат нови гости во кафе барот отколку да се чуваат старите. За да ги задржите старите гости, обидете се да направите нешто за нив, за да се чувствуваат важни. Понудете им мали, но ексклузивни придобивки.
Како да се постигне целта?
Како што можете да видите, не постои таен рецепт, ниту пак има статија што открива како да управувате со успешен кафе бар. Повеќето тајни за успешна деловна активност се сведуваат на напорна работа, искуство, понекогаш среќа или комбинација од трите.
Кој е најдобриот начин да започнете и кои чекори треба да ги преземете за да го подобрите бизнисот со кафе бар?
Постојат и оние кои можат директно да ви помогнат во развојот на вашиот бизнис, или преку консултантски услуги или во форма на обуки и тренинзи на вашите вработени на сите работни позиции.
За да се справите со овие и слични прашања, не е доволно да имате знаење.
Покрај искуството, неопходен е и поинаков пристап: