Која хотелска компанија е во минус од 442.000 евра?

by ugostitelstvo.mk

Охридската туристичка индустрија е на големо искушение. Силен е ударот на корона кризата врз оваа услужна дејност од која нашата држава генерираше значајни конвертибилни финансиски средства. Ако се суди според најголемиот и клучен учесник на охридската туристичка понуда годинава ќе биде „леле мајко“.

 

Охридската туристичка индустрија е на големо искушение. Силен е ударот на корона кризата врз оваа услужна дејност од која нашата држава генерираше значајни конвертибилни финансиски средства. Ако се суди според најголемиот и клучен учесник на охридската туристичка понуда годинава ќе биде „леле мајко“.

„Хотели Метропол“ за првите девет месеци годинава е во загуба од 442.000 евра . За овој период (всушност активно работење од средината на јуни до крај на септември н.з.) друштвото кое управува со три хотели на охридската ривиера и има најголем сместувачки капацитет остварило приход од 905.000 евра. Тоа е само 32 отсто (односно една третина) од приходот што компанијата го остварила во овој период минатата година. Ако е ова примерок за поголемиот број на охридски хотелиерски компании тогаш сезоната навистина ќе биде многу тешка!!!

Расходите на „Хотели Метропол“ за периодот јануари – септември изнесуваат 1,38 милиони евра и се за 35 отсто пониски од истиот период лани. Споредбата на приходите и расходите покажуваат дека „Метропол“ најголемата орхидска хотелска компанија има „загуба во супстанца“ од околу 440.000 евра.

На страната на расходите има кратење на трошоците кај суровините и материјалите како и кај трошокот за вработени, но има раст кај аморитзацијата. Најголема трошковна ставка се вработените. За нив се исплатени 621.000 евра што е за 24 отсто помалку од истиот период лани. Најголемо процентуално кратење има кај трошоците за суровини и материјали и тоа за 61 отсто. Тие се 313.000 евра. Амортизацијата изнесува 252.000 евра што е за 23 отсто повеќе од истиот период лани. Оперативната загуба на друштвото е 438.000 евра, а со вклучените финансиски расходи , по ставање на цртата загубата е 442.000 евра.

Извор: ФАКТОР

Слични написи