„Ѕвезда плус“ за угостителите, канцеларија за планински туризам, достапни археолошки локалитети

by ugostitelstvo.mk

Археолошки локалитети  ќе станат достапни за посета на домашни и странски туристи, ќе се обноват постоечките и ќе се изградата нови планинарски домови, ќе се стимулира здравствен и пензионерски туризам за домашните и странските пензионери, ќе се воведе систем за субвенционирање алтернативен и културен туризам, ќе стартува проектот „Ѕвезда плус“, ветува Владата во Програмата за новиот четиригодишен мандат во делот за развој на туризмот.

Најавува дека ќе овозможи користење бесплатен државен Wi-Fi со кликнување на линк што ќе води до промотивна страна на општина, на реон, на влез во држава, на стојалишта и бензински пумпи.

Во функција на искористување на растечката побарувачка за профилиран планински туризам, предвидуваат формирање посебна канцеларија за планински туризам и планински содржини, задолжена за дефинирање и управување со очекуваните домашни, јавни и приватни, и странски инвестиции, апликација на систем на промени во овој сегмент и позиционирање на државата на регионалниот и европски знтегрален планински туризам.

-Оваа канцеларија ќе го постави како фокус развојот на Шар Планина, Маврово, Матка, Пелистер и Галичица. Дополнително, ќе ги започнеме подготовките за развој на туризам на Царев Врв на Осоговските планини, како централна точка за зимски и планински туризам. За Попова Шапка Владата ќе ги разгледа различните модели за нејзин развој како регионален туристички центар со можност за приватни инвестиции или јавноприватно партнерство кое би овозможило и изградба на жичарница од Тетово до Попова Шапка, се вели во Програмата на Владата.

Воедно, Владата планира да започне реконструкција на постоечките планинарски домови и изградба на нови со дефинирање модел за управување и инвестирање во нив и трасирање и промовирање официјални планинарски патеки.

Целиот текст на: ЛИБЕРТАС

Слични написи