Свадбите во времето на пандемија-про и контра

by ugostitelstvo.mk

Mislim Zendeli

Свадбите во времето на пандемија-про и контра

Низ целиот Балкани во поширокиот регион на Централна и Источна Европа, властите ги идентификуваа свадбите како настани каде штомасовно може да се шири коронавирусот.Тој лесно се шири меѓу гостите кои седат многу блиску еден до друг, викајќи поради гласна музика или пеејќи заедно, гушкајќи се и бакнувајќи се на забавата. Затоа, во Албанија и Северна Македонија, свадбите се тотално забранети.Другите земји продолжуваат да дозволуваат такви свечености, но само под строги ограничувачки мерки.

Ковид 19 го запре деловниот сектор со акцент на туризмот и хотелско-ресторанската активност во целиот опсег. Првично, поради пандемијата, беа преземени мерки за штедење, во врска со затворањето на деловните субјекти, а потоа за повторнот отворање, беше побарано да се применуаваат протоколи со строги анти-ковидни безбедносни мерки. Но, еден сегмент од угостителството кој е именуван како „индустрија на свечености- банкети“ падна во голема криза низ цела република. Балканските народи традиционално обрнуваат особено внимание на семејните забави како: свадби, крштевки, невестински вечери, ручеци,за новороденчиња и слично. Епитетот „индустрија на церемонии“ или „свадбарска индустрија“ како поим опфаќа многу бизниси кои вршат услуги притоа  исполнуваат  разнолични потреби на клиентите кои сакаат да направат, фамилјарни веселби во вид на свадби,  венчавки и др. Поради тоа дејност претставува локомотива на економскиот развој на една земја, бидејќи вклучува широк спектар на бизниси, почнувајќи од ресторани, бендови, бутици и занаечии, златари, специјализирани фирми за организирање на свадби, цвеќарници и декоратери, фотографи и сниматели, па сè до секторот за недвижнини. Сите овие деловни објекти не можат да вршат активности од банкетски карактер, дури и во нивните надворешни простории, бидејќи се класифицирани како простории во кои има масовни собири на луѓе и претставуваат голем ризик од ширење на вирусот. Сопствениците и управителите на овие субјекти велат дека ваквата состојба ги уништила економски, бидејќи им недостасувааат средства за отплата на своите обврски кон државата, банките и вработените и за покривање на фиксните трошоци  кои за оваа категорија на објекти се доста високи.

Според претседателот на Занаетчиската комора со седиште во Скопје, поради пандемијата, се става под знак прашалник постоењето на многу деловни објекти од оваа бранша се губат многу работните места. Мерките преземени од владата на РСМ за финансиска поддршка на овој сектор а се со цел да им се помогне на загубите предизвикани од КОВИД-19, се покажаа недоволни, несоодветни а и пред сè неефикасни. Со оглед на горенаведените проблеми кои ги имаат деловните субјекти од овој сектор, пред неколку дена, Комората за туризам и угостителство на Северна Македонија на организиран начин, по вторпат достави барање, , до надлежните органи, да одобрување на семејни банкети според  упатства и протоколи за организирање свадби и семејни прослави во ресторани во време на КОВИД-19. Оние кои имаат допирни точки со, т.н. индустрија на свечености„  велат дека бизнисот им виси на конец. Затоа, со право се вели дека оваа индустрија е „убиена од короната“. Повеќето од резервираните настани беа откажани, додека некои беа одложени за подобри времиња. 

И додека, наводно, се поставуваат нови правила за деловните субјекти, како и секојдневните и веќе здодевни повици до јавноста за спроведување и почитуваање на анти-ковидни мерки, семејните церемонии и прослави продолжуваат да се организираат насекаде во „тајност„. Сведоци сме дека свадби продолжуваат да се организираат како нема вонредна состојба, низ  населбите одекнува музика од свадбите кои се одржуваат во дворовите на семејните куќи, каде мерките за социјална дистанца и превенција на вируси се целосно заобиколени. Од друга страна социјалните мрежи се полни со објававени слики и видео снимки од семејни настани во дворовите, на улица и но за жал и во некои ресторани. И додека повеќето сопственици и менаџери се повоздржани,  посвесни и „лојални“ законските прописи за работењето во рестораните во време на пандемија, и со месеци имаат огромни загуби или се на нула, некои други пак, подмолно продолжуваат да работат и ги почитуваат законските забраните. Државните тела, инспекторатите и полицијата кои се повикани да го спроведат законот и да го заштитат здравјето на населението се пасивни „гледачи“ место активни чинители за спроведувањ на законите. За таквите управители на ресторански објекти не „важат„ законските забрани бидејќи тие припаѓаат на  т.н. „миленици на бизнис-класа“, кои очигледно поврзани со државните моќници, политичарите, а и од партијашки и владејачки кланови. Несвесните сопственици и менаџери во ова време на пандемија создаваат хаос меѓу клиентите и нелојална конкуренција во бизнисот со ресторани, бидејќи една компанија профитира од  непочитување на забраната а додека другите губат од почитувањето на забраната. Таквите „бизнисмени“ кои организираат семејни забави во време на пандемија, не ги почитуваат принципите на деловна етика, на кои се придржуваат сите економски субјекти низ цивилизираниот свет. Етичките принципи и стандарди се научно дефинирани како активности што имаат сериозни последици врз човековата благосостојба, а во нашиот случај се закануваат на здравјето и животот на граѓаните.Ситуацијата создадена во оваа економска сфера е апсурдна за земја што тврди дека влегува во ЕУ.

Во однос на забраните, т.н. „свадбена индустрија„  е дискриминирана и во однос на други дејности,  како што се трговски центри, малопродажни единици  и други претпријатија кои нудат разни услуги за своите клиенти. Сосема е неправедно одржување на политички и партиски митинзи во пикот на пандемијата, а истото се однесува и за концертите и другите настани каде присуствуваат многу голем број на луѓе без притоа да ги почитуваат пропишаните  протоколи. Државните органи, како и секогаш, реагираат и мерат со два различни аршини, „за некого мајка и за некоја маќеа“. Самите законски забрани се контрадикторни. На рестораните од отворен тип,  им беше дозволено да работат со клиенти кои врпочем не се познаваа меѓу себе а и не се легитимираат, додека за рестораните кои организираат семејни забави се забранува организирање на свечености и покрај тоа што нивните клиенти имаат семејни и пријателски врски добро се познаваат  едни со други и кои полесно може да се контролираат и спроведуваат пропишаните протоколи.

И сè додека одговорните тела во РСМ си поигруваат со протоколи со месеци, во Хрватска и Грција, земји на ЕУ, се дозволени собири на повеќе од 100 луѓе. Ваквите настани треба само да бидат пријавени кај соодветните органи, 48 часа однапред за можна проверка и мора да  водат евиденција за гостите и за нивните контакти. Додека во Италија, земја што беше најпогодена од Ковид 19, властите на регионот Пулија, ставија на располагање бонус од 1.500 евра за парови коишто ќе се решат да се венчаат во 2020 година. Бонусот беше активиран од 1 јули со можност за реализација до 31 декември 2020 година. Според тамошните власти, оваа сума е мала, но корисна за ублажување на тешкотиите во моментот. Иницијативата на овој регион, заедно со Puglia Promotion, имаат за цел да му помогнат на целиот сектор за свадби, кој најмногу е погоден од пандемијата на коронавирусот.

Апели и барања имаше и  од претставниците на Туристичко-хотелската комора на РСМ, како и на целата заедница на овој бизнис за донесување на соодветни протоколи. Со донесување на овие протоколи, од една страна, трајно ќе се спречи организирањето празнични забави дома или каде било без соодветни безбедносни протоколи, додека од друга страна, ќе бидат ублажени катастрофалните загуби што ги претрпеа рестораните кои организираат семејни забави. Забраната за танцување на подиумот, растојанието помеѓу маси и столови и статичката музика, се барањата на субјектите на овој бизнис,  за  кои се обратија до Комисијата за заразни болести. Истите бараат  по седми пат да дозволат семејни настани според протоколите што ќе бидат донесени.Тие велат дека со некои ограничувања на бројот на гости, истото ќе биде потполно безбедно, а доколку не е дозволено ќе биде принудено целосно да ги затвораат своите бизниси.

И додека пандемијата уништи многу параметри на нормалната логика на нештата, „карантинот“ само на субјектите што организираат семејни забави а од друга страна активностите на другите економски субјекти се можни станува апсурдно! Секој се обидува да преживее во овие времиња на криза и војна со непријателот на втората декада на 21-от век, но, очигледно, оваа ситуација донесе многу други недефинирани ситуации. Неморално е да се занимавате со активност што го загрозува животот на другите, но истовремено е болно да го затворите бизнисот за кој многумина се жртвувале и да се ризикува постоењето на вас и на вашите соработници. Биди паметен и фати се за оро!

Зендели Мислим 

Тетово, Септември, 2020

 

 

Изнесените размислувања и ставови во објавениот текст се лични ставови на Господинот, Зендели Мислим.
Порталот Угостителство.мк , се оградува од истите.